Дали би експериментиле во креветот?

Некои сакаат нежности и го пуштаат телото да се препушти на уживањето. Други, пак, сакаат да имаат поголема контрола врз целиот процес, а постојат и оние кои обожаваат во сето тоа да додадат и болка.

Едни сакаат да експериментираат и да си ги тестираат границите, а други одат на безбедно. Според сексолозите, големо влијание има и порно-индустријата, која ги „нормализираше“ фетишите со нанесување и примање болка.

Но, кои се причините поради кои луѓето се „палат“ на болка?

Хемијата во мозокот

Многумина веруваат дека желбата за болка за време на секс е поврзана со испуштањето хормони кои ја редуцираат.

Оние кои сакаат да ги боли, во нормални услови не би можеле толку лесно да ја издржат таа болка.

Најчесто жените се оние кои полесно поднесуваат физичка болка за време на сексот, но тоа не значи дека нема мажи кои не го сакаат тоа. Но, кога се работи за вакви нешта, тоа треба да го сакаат и двајцата партнери.

Болката ја зголемува сензацијата

Една од причините поради кои некој би сакал да чувствува физичка болка за време на секс е и поради тоа што на некој чуден начин, го зголемува задоволството.

Најдобро е самите да разграничите меѓу своите физички и ментални причини поради кои сакате болка.

Но, она што е факт е дека голема е бројката на луѓе на кои удирањата, штипењата и гребењата им предизвикуваат дополнително задоволство.

Психолошко исцелување

Многу почести се случаите кога желбата за болка е поврзана со психолошки причини.

Всушност, тоа може да биде и изненадувачки лековито за нарушената психа.

Искуството на примање болка од партнерот е всушност тест на тоа колку вашето тело е издржливо, што „по книга“ би требало да биде болно за вас. Употреба на болката за задоволство прави репрограмирање за нашата перцепција кога е болката во прашање.

На тој начин компензираме за нанесените трауми од минатото и си докажуваме себе дека сме поиздржливи од што мислиме.

Кршењето на табуата е секси

Експериментирање во нешто што е надвор од „нормалното“ може да биде секси и дополнително да возбуди.

Да гледате како самите ги рушите табуата, тоа ви дава дополнително чувство на сексуалност и привлечност.

Моментот дека нешто е забрането или ненормално создава многу посилна врска меѓу болката и задоволството, особено кога е сексот во прашање.

Безбедно во БДСМ

Секој од нас, повеќе или помалку, се обидел да експериментира во сексот.

Некои се пронашле во тоа и сакаат да одат уште подалеку, други сфатиле дека не им се допаѓа. Но, најважно од сè е да се направи граница дали желбата за болка е физичка или психолошка.

Треба и да бидете свесни дека некогаш овие игри може да бидат и прилично опасни и од задоволство, да преминат во насилство.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно