Босанац итно опериран: Музичарот на интензивна нега

Драган Стојковиќ Босанац завршил во болница каде веднаш му била направена операција на срцето. Членот на жирито во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ се наоѓа на интензивна нега, а операцијата поминала добро, како што пренесуваат српските медиуми.

Имено, на Босанац му било оперирано срцето на Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“, а оваа информација ја потврдува и Др. Милован Бојиќ, доктор на споменатиот инситут.

-Точно е дека Драган Стојковиќ е на нашето одделение. Опериран е и одлично се чувствува. Вчера му беше направен оперативен зафат, а моментално се наоѓа на интензивна нега.

Станува збор за хирургија на срцев залисток и се што можам да кажам е дека се помина успешно и е добро завршено, вели лекарот и директот на болницата.

ФОТО: Погледнете како денес изгледа познатат пејачка Вики Миљковиќ

Кога ќе видите како оваа пејачка изгледа денес, ќе помислите дека за неа времето оди во спротивен правец.

Сега изгледа помладо отколку пред две децении.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#vikimiljkovic #1994 #folk #estrada #jugoslavija #nostalgija

A post shared by @ foto.nostalgija on

Станува збор за Виолета Вики Миљковиќ, родена на 18. декември 1974 година во Ниш. Првиот албум го објавила на 18 години.

Денес сите ја знаеме по бројните хитови, но и како член од жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@balasevic_official @mrhairaleksarabrenovic @angela_bosnjakovic_makeup

A post shared by Viki Miljkovic (@viki_miljkovic) on

Ја повика Северина во жирито за да се „пресмета“ со Карлеуша- ќе летаат пердуви

Саша Попвиќ и понудил 100.000 на Северина за да биде во жирито во „Ѕвездите на Гранд“.

Знаејќи дека Северина со години јавно ја прозва Карлеуша дека, не знае да пее и краде нејзини идеи реши да ја повика во жири.

-Од септември тој реши да ја повика Северина и понуди 100 илјади евра за да постигне рекордна гледаност. Таа рекла дека цената е примамлива , но дека треба да размисли, открива извор за српски медиуми.

Саша најави и дека сака да направи голема промена во шоуто од наредната година, но не сакаше да открие детали.

- Караниците на двете дами пред камера ќе му донесат голама гледаност на „Гранд“, потсетува изворот.

(ФОТО) Владимир Поповски: „Ех, балкански менталитет“

Пејачот Владимир Поповски, на социјалните мрежи се пожали дека како вистински Балканец не сакал да им поверува на луѓето кои му велеле дека животот ќе му се смени на поубаво откако ќе стане татко.

Владимир, кој е пејач на фолк-групата „Биоритам“, не ја крие среќата по раѓањето на ќерката Андреа, па често споделува слики со бебето и сопругата Анастасија Петреска која е ќерка на пејачот Наум Петрески.

„Аааа, ми збореа ќе ти се промени животот… Ех, балкански менталитет, додека не осетиш на своја кожа не се важи“, напиша пејачот покрај сликата од 2-месечната ќерка.

Популарно