ФОТО: Што се случило со лицето на холивудската глумица Мег Рајан?

Мег Рајан била кралица на холивудските романтични филмови во 80 и 90 години на минатиот век. Во својата кариера забележала настапи во комедиите како "Имаш порака" и "Романса во Сиетл", како и во култниот филм "Кога Хари ја сретна Сали" од чија премиера поминале дури 30 години.

По повод годишнината од филмот во Лос Анџелес остварена е проекција во склоп на филмскиот фестивал TCM во "Chinese Theatar". Иако Били Кристал и Мег Рајан зрачеле со позитивна енергија и добри вибрации, многумина коментирале за изгледот на холивудската дива. 

Полни образи, затегнато лице, чело без брчки и видно зголемени усни во однос на фотографиите од премиерата на филмот "Кога Хари ја сретна Сали" во 1989 година, многумина сметаат дека Мег им се препуштила на пластичните операции.

"Ги сакам своите години, го сакам мојот живот. Ја сакам личноста која станав", признала Мег во едно интервју, но одбила да искоментира за изгледот.

Со првите критики за своето лице се соочила после настапот на доделувањето на американските театарски награди Тони во 2016 година.

"Мислам дека луѓето се шокирани, бидејќи не изгледа како Мег Рајан која сите ја сакаме. Мислам дека претера со операциите", изјавил пластичниот хирург Марк Јусеф.

Како и да е, нејзините обожаватели застанале во нејзина одбрана велејќи дека глумицата за нив секогаш е убава. Мег Рајан не се огласи по повод овие коментари, а досега не потврдила ниту еднаш дека подлегнала на естетски зафат.

ФОТО: Мајката на албанската пејачка на одмор во Црна Гора

Вера Ора, мајката на светски познатата Рита Ора во моментов летува на црногорското приморје, поточно на Ада Бојана, од каде на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии. Нејзиното тело во костим за капење, привлекло многу внимание, па се гледа од кој ја наследила витката става пејачката Рита Ора.

Вера направила и кампања за линија на костими за капење наменета за жените кои поминале низ мастектомија. Овие костими се осмислени да им помогнат на жените да бидат секси и после таквата борба.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vera Ora (@veraora) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vera Ora (@veraora) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vera Ora (@veraora) on

ФОТО: Меган Маркл во бикини

На социјалните мрежи се појавија досега невидени фотографии од сопругата на принцот Хари, војвотката Меган Маркл. На дел од нив Меган е во костим за капење.

Инаку, за неа е познато дека потекнува од сиромашно семејство кое едвај врзувало крај со крај. Медиумите пишуваат дека Меган не е ни вистинското име. Кога се родила таа го добила името Рејчел Меган Маркл. На шест години таа почнува да оди во женско котоличко школо, во кое оделе само девојчиња. Кога имала 11 години, на телевизија видела сексистичка реклама. И пишала на компанијата со барање да ја променат формулацијата и познатата компанија се сложила.

Погледнете како изгледа војвотката на плажа:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🇬🇧The Royal Family🇬🇧 (@britainsmonarchy) on

ВИДЕО: Мадона и во седмата деценија е еластична

Подготовките за нејзината турнеја „Мадам Х“ се во офанзива, а Мадона не се двоуми кога станува збор за објавите на „Инстаграм“ со кои ги информира фановите за тоа како се одвиваат работите.

Во последното видео, Мадона се покажа како се подготвува за проби. Според нејзиното видео, тоа подразбира кореспонденција, средување на косата и истегнување на нозете што не остави во чудо.

Пејачката е многу еластична и покрај годините, па со своето тело може да направи она што двапати помладите колешки не можат.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Madame ❌ prepares for the. day..................... 🎼💃🏻💅🏻👠#rehearsals #madamex

A post shared by Madonna (@madonna) on

Популарно