ВИДЕО: Ова можело да ги спаси

Педагогот Мерима Балкиќ, професорката Лејла Садиковиќ, поранешната директорка Алмина Ќоровиќ и хигиеничарката Мина Кадриќ, вработени во основното училиште „Ковачици“, завчера загинаа во страшна несреќа која се случи на магистралниот пат Сраево - Пал излетувајќи во реката Миљацка.

Незапаметената трагедија ја потресе цела Босна и Херцеговина, но и регионот.

Пежото 207 со кое управувала Балкиќ околу 13 часот излетало во провалија длабока 200 метри. Во тој момент случајно се нашол на тоа место и Вељко Филиповиќ кој вчера за Аваз раскажала се.

-Не возеа повеќе од 60 километри на час. Меѓутоа, патот беше мокар, видов дека жената почна да кочи, но изгуби контрола над возилото. Со предното десно тркало удри во потпорен ѕид кој беше од десната страна на патот - раскажал Филиповиќ, видно потресен од несреќата на која бил сведок.

Вели дека потоа се свртеле и се превртеле во провалијата. Тој потрчал по нив, но наскоро автомобилот му исчезнал од видокругот.

-Тага огромна, па погледнете само, барем еден метар пониско да се лизнеле ќе удреле во карпа. Токму на местото каде они слетале е дупка. Да имаше тука бакнина, трагедијата не би се случила - рекол Филиповиќ.

До телата на загинатите било исклучително тешко да се дојде. Тренот бил лизгав и каллив поради дождот.

-За да пријдеме до телата, се спуштавме 100 метри до коритото на реката, а потоа забележавме две тела. Две жени додека се првртувало возилото излетале од него и останале заглавени меѓу дрвата. За да дојдете до нив, моравме со моторна пила да ги сечеме гранките - рекол еден од спасувачите.

Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.

- Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост, соопштија денеска од Врховен.

Денешната седница беше втора јавна седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје. 

Таткото на Вања е осомничен за помагање во грабнување на неговата ќерка, малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. 

По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд. 

Во Тетово прегазен малолетен пешак

На 24.04.2024 околу 12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,113“ во Тетово патничко моторно возило ,,ауди“ со тетовски регистерски таблици, управувано од М.А. (64) од тетовска Шипковица, удрило во малолетен пешак од Тетово, соопшти МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија, објави СДК.мк.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа.

Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи. Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

Џаровски остави силен впечаток и во југословенскиот фудбал, каде што, како што самиот призна, наместил повеќе од 80 натпревари во сите рангови на натпреварување, оставајќи зад себе легендарни приказни за тоа.

НЕ БЕШЕ ЛЕСНО ДА СЕ ПРЕНЕСАТ МУАБЕТИТЕ НА ЏАРО НА ХАРТИЈА, РЕЧЕ МИЛИЦА ЏАРОВСКА НА ПРОМОЦИЈАТА НА КНИГАТА ЗА ТАТКО Ѝ „ЖИВОТ НА КОЦКА“

„Мене ми е жал што младиве генерации за Џаро знаат само по превари и местење утакмици. Овој човек има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Ги донел најголемите балкански ѕвезди да ја засакаат Македонија толку многу што до ден денес не ја испуштаат во своите интервјуа, муабети, без разлика дали е Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија, Мишо Ковач“, рече актерот Игор Џамбазов на ланската промоција на книгата „Џаро – живот на коцка“.

Популарно