Сега му помага на нејзиниот 25 години постар сопруг

Американската актерка и поранешна манекенка Џери Хол (62) се омажи во март 2016 година со австралискиот медиумски модул Руперт Мардок (87), а  сопружниците и по две и пол години брак, уживаат во љубовта како првиот ден.

За време на празниците, тие беа фотографирани на плажа во Барбадос, каде што уживаат во капење и сончање.

Џери Хол му помагаше на  25 години постариот Руперт да излезе од вода, и потоа со книга во раце да се одмори под “дебела сенка”.

Инаку, Хол беше 22 години во брак со Мик Џегер (75), со кого има четири деца, а била и во врска со Брајан Фери.

Мардок три пати бил оженет пред Џери и има шест деца.

ФОТО: Ана Ивановиќ ќе стане мајка по втор пат

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ на својот Инстаграм профил објави дека е во исчекување на нејзиното второ дете.

Таа убавата вест заедно со својот сопруг, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер ја објавија преку фотографија на која има четири пара патики, од најголеми до најмали.

Поранешната тенисерка во минатото има изјавено дека откако го родила синот Лука нејзиниот живот се променил и дека мајчинството е најубава работа на светот.

Иако никогаш во јавноста не открива детали од приватниот живот, на Ана очигледно и годи да сподели ваква вест со целиот свет. 

Погледнете: 

ВИДЕО: Андријана Лима ја оправда титулата „најубава жена на светот“

Андријана Лима вчера прошета на црвениот килим на филмскиот фестивал во Кан. Притоа не пропушти шанса а да не заблеска на преубав фустан со висок шлиц.

Светкавиот фустан на бразилскиот модел Лима изгледаше совршено.

Таа се појави во фустан со гол грб под кој не носеше градник, а многумина се согласија дека имаше најубав фустан.

ФОТО: Зад маската се крие вистински фраер

Пред точно 12 години Украина на Евровизија ја претставуваше Верка Сердучка која со својот спектакл го освој второто место и на Европа и приреди спектакуларно шоу кое се уште се памети.

Тој со 235 поени заврши веднаш зад српската претставничка Марија Шерифовиќ која победи на Евровизија во 2007 година со песната „Молитва“.

Украинскиот пејач и комичар Андриј Михајловиќ Данилко започнал да пее под името Верка Сердучка во далечната 1991 година кога во Украина јавно се претставил како жена во средни години која живеела во советската доба, а во хумористичните скечеви зборуваше на мешовит украински и руски јазик.

Тој пред три години се појави како член на жирито на Х фактор во Украина како нормален маж, па предизвика лавина коментари како навистина изгледа тој без да се маскира.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Live On-air @ #xfactor7 #xfactor (Photo by @the_hardkiss )

A post shared by VERKA SERDUCHKA OFFICIAL (@v_serduchka) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

“А нашi самi луччi!” @xfactorstb

A post shared by VERKA SERDUCHKA OFFICIAL (@v_serduchka) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The Grand Final day

A post shared by VERKA SERDUCHKA OFFICIAL (@v_serduchka) on

Популарно