Дали е овој е „вистински“ партиски послушник?

Жител на Индија- Паван Кумар одлучил да си го отсече показалецот, откако осознал дека со него на парламентарните избори гласал за „погрешната” политичка опција – владејачката Индиска народна партија (БЈП).

Видеото од тој чин сé повеќе се шири на интернет. Во него тој нагласува дека „го збуниле многуте партиски симболи“.

Сакав да гласам за слонот (како симбол), но по грешка гласав за цвеќето (БЈП), објаснува Кумар во видеото.

Слонот е симбол на левичарската опозициска Партијата на мнозинскиот народ (БСП). Партиските симболи се од огромно значење за изборите во Индија, каде што писменоста е на многу ниско ниво.

Му понудил 800 денари од час на бездомник за работа во дворови, но не очекувал ваква реакција

Рајан Бреј се враќал во својот дом во Бредентон во неделата кога се сретнал со еден од бездомниците со кои се среќава 5-6 пати во неделата. Бидејќи му паднало жал решил да му помогне на човекот.

Рајан има семејна фирма за реновирање на домови и му понудил на бездомниот човек да работи за него за 800 денари од час за средување на дворовите и да му помогне да најде постојано живеалиште за да не спие повеќе на улиците. Но, не ја очекувал реакцијата која што следела.

Бездомникот луто му се развикал: „Апослутно не!“, а потоа станал и физички насилен почнал да плука, пцуе и да удира по автомобилот на Рајан. Добронамерниот човек не можел да си поверува на неблагодарноста на бездомникот и решил целата ситуација да не заврши само на тоа.

Тој се вратил дома и направил знак на кој „проси“ за промена, возачите да не им даваат пари на бездомниците за да си заминат од нивниот кварт.

Знакот гласи: „Му понудив 15 долари од час за да извршува работа во двориви за мене и тој одби. Ако ние како заедница престанеме да ги плаќаме, тие ќе го напуштат нашето соседство!“

Рајан дури застанал до виновникот кој и пред него го држел знакот. Така стоел три часа и никој не застанал да му даде пари. Сепак Рајан вели дека треба да се преземат уште мерки затоа што тие луѓе не се „кутри“ бездомници, туку неработници кои не сакаат сами да си го заработат лебот и заработуваат повеќе така што просат од оние кои чесно и со пот си ги заработуваат парите.

Додека Рајан стоел до бездомникот тој продолжил да го навредува и вели дека ако е „богаташ тој не треба да ја прифати неговата глупава понуда за работа“, исто така кажал дека немало ништо лошо во тоа што одбрал само да си проси, а не да работи за пари.

ФОТО: Помало и пожешко НЕ може!

Манекенката позната под псевдонимот CJ Sparxx го помина денот во минијатурно бикини , кое изгледаше како секој момент ќе падне.

Три парченца ткаенина се држат на проѕирни врвки , а таа ги објави фотографиите и го запали Инстаграм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by CJ SPARXX (@cjsparxx) on

Повеќе фотографии од плејбој зајачицата со клик ТУКА

Викенд хороскоп

ОВЕН

Пред вас е можност да напредувате на работа и да ги остварите целите кои ги имате од порано. Може да се надевате на среќни околности. Ако сте слободни, можеби ќе започнете флерт со личност родена во знакот на Водолија. Здравјето е добро.

БИК

Пред вас е напорен викенд во кој ќе имате големи оптеретувања и грижи поврзани со работното место. Помали недоразбирања постепено доведуваат до тоа вашиот однос со личноста која ви се допаѓа да се поремети. Болки во стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е период во кој полека ќе добивате потврда за своите вредности. Соработниците ве ценат. Саканата личност е подготвена да ви покаже дека сака да градите заедничка иднина. Водете сметка за забите.

РАК

Не ви е лесно да донесете некои одлуки и честопати размислувате во врска со поголеми проблеми на работното место. Склони сте кон кавги и нервоза, со партнерот немате многу добар однос. Ве прати главоболка.

ЛАВ

Вашата напнатост доаѓа до израз сега и вашето однесување и лошо расположение негативно се одразува на вашата работа. Ви се допаѓа една личност со која не сте сигурни на што сте. Можни се проблеми со циркулацијата.

ДЕВИЦА

Може да очекувате нови случувања на работно поле. Ќе имате можност да преземете иницијатива околу некои настани. Ве очекува интересен флерт со нов познаник кој ви се допаѓа. Генерално се чувствувате добро.

ВАГА

Доаѓа можност за стабилизација на деловно поле и да најдете начин да се посветите на позитивните промени. Вашиот однос со партнерот е сосема стабилен и може да очекувате позитивна атмосфера. Одлично се чувсствувате викендов.

СКОРПИЈА

Ова не е премногу поволен викенд и се препорачува да избегнувате било какви важни одлуки или промени. Може да очекувате интересна комуникација со симпатијата. Вртоглавица и замор.

СТРЕЛЕЦ

Прилично сте нервозни и не ви е лесно да се фокусирате на работата. Можни се проблеми на ова поле. Нагло се менуваат околностите во кои се наоѓате на љубовно поле. Здравјето е во ред.

ЈАРЕЦ

Имате впечаток дека некои пречки на работното место не можете да ги контролирате. Можеби се носат одлуки кои не ви одговараат. Иако сакавте стабилна врска, партнерот ви покажа дека сепак не може да ви пружи сѐ. Проблеми со стомакот.

ВОДОЛИЈА

Немате добра комуникација со соработниците и може да дојде до некое недоразбирање. Пред вас е период во кој трачевите може да влијаат врз вашиот брак. Можни се проблеми со грлото.

РИБИ

Иако дојдовте до прилив на пари кој сте го очекувале, постојар причини поради кои не сте задоволни со ситуацијата на работното место. Саканата личност покажува дека сака да се оддалечи од вас. Пуштете ја да си оди, со надеж дека ќе се врати. Нагласен е зголемениот апетит.

Популарно