ФОТО: ВРВ - ликов паркираше на плоштад Македонија

Ауди паркирано на плошатдот Македонија во Скопје, кружи на социјални мрежи. Плоштадот не е наменет за паркирање на моторни возила.

Прашањето е до кога ќе се однесуваме вака? До кога со оваа некултура?

И дали надлежните институции ќе превземат некаква санкција?

(Фото) Тешко повредена жена велосипедист во близина на Рамстор пред малку

Од фотографиите што ги испратија случајни минувачи кои се нашле во моментот на сообраќајната несреќа може да се види како бел џип со скопски регистарски таблички удрил во велосипедист на пешачкиот премин што се наоѓа во близината на Рамстор на булеварот Св. „Кирил и Методиј“ или поточно пред зградата на АЕК, објави порталот СКопјеинфо.

Од она што може да се забележи дека повреденото лице е жена, а присутна е екипата и на итната помош.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно