Фото: Таа ќе ви го „задржи“ вниманието на Евровизија

Бар Рефаели, Израелска манекенка кој успеа да изгради интернационална кариера, е еден од четирите водителки на Еуровизија 2019 во Тел Авив.

Bar Refaeli е меѓународен супермодел и еден од првите израелски модели што се појави на насловната страна на списанието Sports Illustrated Swimsuit. 

Таа има богато искуство во презентирање и модерирање на настани од разни видови, и интересно е дека во 2012 година таа беше водителка на сопствената модна  ревија Million Dollar Shooting Star.

Покрај успешната модна кариера, Бар, исто така, се појави како водителка на неколку телевизиски емисии . Една од овие емисии беше израелската верзија на X Factor 2013. 

Помеѓу 2005 и 2009 Бар Рефаели беше во романтична врска со Леонард Ди Каприо. Ди Каприо дури и го посети Израел неколку пати заради неа. Рефаели подоцна се обиде во  филмската индустрија. Меѓу другото, таа играше главна улога во хит-филмот ""Sessions" во 2011 година.

Миле паника има коњ

Бранко Огњановски или познат како Миле Паника, деновиве престојува

 во Вашингтон, Америка. За да парира на тамошната култура, на својот Инстаграм профил објави фотка на која носи шешир како оние од вестер филмовите. Убаво му стои, тоа се гледа, но смешниот коментар под фотографијата е целосно во негов стил:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Селфи на брзинка додека коњот ми е на коњопој.

A post shared by Branko Ognjanovski (@panika_mile) on

Луна Џогани откри каде ќе настапува за нова година

До сега, Луна Џогани претежно настапуваше надвор од србија. Првиот настап во Србија, за кој се шпекулираше многу пред настанот, се одржа во Смедерево, а сега таа се подготвува за нов настап, кој ќе се одржи во Куприја

Луна  на гостувањето во една емисија објави дека подготвува три нови дуети, од кои едниот ќе биде со Сава Перовиќ, но не сакаше да открие со кого ќе ги снима другите два дуета .

Сепак, Луна во оваа прилика откри дека ќе ја дочека Новата година во Србија  и ќе настапи во Нови Сад, тоа  сигурно  ги израдува многу нејзини обожаватели.

Видео: Кумата направи хаос

Една невеста беше шокирана кога друга жена влезе на нејзината свадба и започна да вика „запрете ја свадбата, требаше да бидам јас“!

Стејси Овен (29) доживеа шок кога за време на нејзиниот најубав ден од животот, друга жена влезе на свадбата и почна да вика „запрете ја свадбата, требаше да сум јас“, а потоа  започна младоженецот да го удира со букет по главата!

Невестата се зачуди од она што се случуваше и во прво време помисли дека станува збор за луда поранешна девојка на нејзиниот сопруг, а потоа се откри за што навистина станува збор.

Поточно, станува збор за шега која  на невестата  и ја приреди нејзината кума, а жената облечена во венчаница не била поранешна девојка на нејзиниот сопруг, туку професионален комичар.

Кумата откри дека таа шега ја подготвувала пет месеци и дека сите гости мислеле дека станува збор за поранешна девојка на зетот.

- Мојот партнер во почетокот беше преплашен. Го танцувавме нашиот прв танц, а светлата беа темни и не го видовме лицето. Мислев дека тоа е една од неговите поранешни девојки. Но, тогаш се запалија светлата и го видов нејзиното лице, ја препознав веднаш - рече Стејси на крајот, пренесува Дејли Меил.

Популарно