Го искритикува Заев, следниот ден се појави снимката!

Аудио-снимката на која се слуша како пратеникот Павле Богеовски нарачува дрога, излезе еден ден откако тој го нападна премиерот Зоран Заев за непрсуството на инаугуацијата на претседателот Стево Пендаровски.

Богоевски пред два дена на 24 Телевизија се обрати во контекст на инаугурацијата на претседателот Пендаровски и констатираше дека треба да се промени протоколот за присуство на овој настан, затоа што во самиот говор претседателот говорел со посебен нагласок на опозицијата и обедувачката компонетна во контекст на опозоцијата.

-Мислам дека некој број на лица треба да бидат отстранети од листата и да бидат ставени некои други луѓе кои би било многу посоодветно да присуствуваат на воков тип на настани. – кажа Богоевски.

Тој рече дека во однос на присуството на премиерот немало да коментира многу. Боговски смета дека причините биле оправдани, но сепак Заев требало да присуствува.

Еден ден откако пратеникот го нападна премиерот на руската социјална мрежа ВК, на каналот Илија Громовник, беше објавена снимка за која оној што ја објавил тврди дека Богоевски нарачува, најверојатно кокаин.

На каналот Илија Громовник до сега се објавуваа прислушувани разговори само за луѓе од СДСМ како Радмила Шекеринска, Дамјан Манчевски, Бранко Црвенковски, Наташа Савова и Оливер Спасовски. 

Мицкоски: Сега сите пари ќе одат кај Вицето

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видео изјава за медиумите изјави дека веќе не се сомнева дека сите пари од државата ќе одат кај Вицето.

Овој негов став е по обелоденувањето на намератапремисерот Зоран Заев да биде и министер за финансии.

Оќоравената војска на Самоил е Македонска!

Актерот Владо Јовановски на својот Фејсбук-профил објави интересен статус во кој го коментира потеклото на истакнати личности од македонската историја, со акцент на царот Самоил.

Цар Самоил имал тројца браќа, Давид, Мојсеј и Арон. Значи, Самоил, Давид, Мојсеј и Арон. Исто како што старозаветниот пророк Мојсеј  имал тројца браќа… Самоил, Давид и Арон. Значи, Мојсеј, Самоил, Давид и Арон. Чудна ‘случајност’!

За Цар Самоил некои велат дека бил Ерменец…Ерменец или Арамеец (народот кој го говорел јазикот што го говорел Христос – Спасителот), јас не знам? Но, сега е полесно… За такви дилеми сега, нека си ја к’цат главата, Ерменците, Арамејците, Бугарите и сите кои претендираат на него, дека е нивни цар. Нивна работа… Нам, пак, лесно ли ни беше, што со векови го славевме како НАШ…?! А? Лесно ли ни беше…?

Единствено нешто во кое скоро сто отсто сум сигурен е дека оќоравената војска на Самоил е македонска! Гарант. Барем за 99 од 100 војници во редот тврдам дека биле Македонци! ‘Пред фактите и вистината и Боговите молчат’!“, пишува Јовановски на Фејсбук.

Од денеска нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, денеска ќе ја соопшти новата одлука за цените на горивата. Минатата недела цените останаа скоро исти, без некоја драстична промена.

Мала промена имаше само „Супер 95“ кој сега се продава по цена од 67 денари, додека „Супер 98“ остана 69 денари за наточен литар гориво.

Останатите нафтени деривати се точат по цени исти како претгодната недела.

Новите цени на нафтените деривати РКЕ ги пресметува по новата методологија за формирање на малопродажните цени на дериватите.

Популарно