Фото: Малиов има мајка...

Нејзиното име е Шими Мунши, има 20-годишен син, меѓутоа таа изгледа толку младо што луѓето често помислуваат дека му е сестра или девојка.

Шими е самохрана мајка има 41 година, но никој не би претпоставил дека таа има толку години. Таа тврди дека често ја обвинуваат дека за нејзиниот изглед се заслужни пластичната хирургија, скапите креми за лице и козметичките третмани, но таа го тврди токму спротивното.

-Отсекогаш сум изгледала младолико. Кога моите пријатели почнаа да стареат, јас очигледно тргнав во друг правец, но не знам зошто. Одвреме-навреме се чувствувам како женски Петар Пан, вели Шими.

Таа го родила својот син Амен на 21 годинa.

-Консумирам зелен чај, не пушам цигари и не пијам алкохол. Вежбам во теретана и пијам многу вода. Никогаш не сум правела операции и никогаш не сум посетила пластичен хирург, вели самохраната мајка чиј изглед е толку неверојатен што честопати ѝ бараат лична карта како доказ за годините.

Миле паника има коњ

Бранко Огњановски или познат како Миле Паника, деновиве престојува

 во Вашингтон, Америка. За да парира на тамошната култура, на својот Инстаграм профил објави фотка на која носи шешир како оние од вестер филмовите. Убаво му стои, тоа се гледа, но смешниот коментар под фотографијата е целосно во негов стил:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Селфи на брзинка додека коњот ми е на коњопој.

A post shared by Branko Ognjanovski (@panika_mile) on

Луна Џогани откри каде ќе настапува за нова година

До сега, Луна Џогани претежно настапуваше надвор од србија. Првиот настап во Србија, за кој се шпекулираше многу пред настанот, се одржа во Смедерево, а сега таа се подготвува за нов настап, кој ќе се одржи во Куприја

Луна  на гостувањето во една емисија објави дека подготвува три нови дуети, од кои едниот ќе биде со Сава Перовиќ, но не сакаше да открие со кого ќе ги снима другите два дуета .

Сепак, Луна во оваа прилика откри дека ќе ја дочека Новата година во Србија  и ќе настапи во Нови Сад, тоа  сигурно  ги израдува многу нејзини обожаватели.

Видео: Кумата направи хаос

Една невеста беше шокирана кога друга жена влезе на нејзината свадба и започна да вика „запрете ја свадбата, требаше да бидам јас“!

Стејси Овен (29) доживеа шок кога за време на нејзиниот најубав ден од животот, друга жена влезе на свадбата и почна да вика „запрете ја свадбата, требаше да сум јас“, а потоа  започна младоженецот да го удира со букет по главата!

Невестата се зачуди од она што се случуваше и во прво време помисли дека станува збор за луда поранешна девојка на нејзиниот сопруг, а потоа се откри за што навистина станува збор.

Поточно, станува збор за шега која  на невестата  и ја приреди нејзината кума, а жената облечена во венчаница не била поранешна девојка на нејзиниот сопруг, туку професионален комичар.

Кумата откри дека таа шега ја подготвувала пет месеци и дека сите гости мислеле дека станува збор за поранешна девојка на зетот.

- Мојот партнер во почетокот беше преплашен. Го танцувавме нашиот прв танц, а светлата беа темни и не го видовме лицето. Мислев дека тоа е една од неговите поранешни девојки. Но, тогаш се запалија светлата и го видов нејзиното лице, ја препознав веднаш - рече Стејси на крајот, пренесува Дејли Меил.

Популарно