ЈСП повторно „прави грешки“

Надлежните од ЈСП  неодамна донесоа одлука со која на лицата со попреченост им се дозволува да ги користат нивните услуги со своето куче-придружник, денеска на Александар Велески и неговото куче Бен не им било дозволено да се качат во автобус на ЈСП.

За жал на својот фејсбук профил се пожали Александар „Функционира ли нешто во државата, ЈСП, 7-ца не ме пуштија со Бен“,  .

Од ЈСП соопштија дека за случајот дознале преку Фејсбук и дека веднаш го побарале Александар, но се уште не стапиле во контакт со него.

„Што точно се случило, истражуваме и преку нашата внатрешна контрола. Доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран“, велат од ЈСП.

Ова не е првпат Александар да доживее ваква случка. Неодамна тој беше спречен со неговото куче да се качи на жичницата на Водно. Токму овој настан го поттикна претпријатието да донесе одлука со која на лицата со попреченост, ќе им биде дозволено да ги користат услугите со своето куче-придружник, со цел во иднина да се избегнат вакви ситуации и апелираа да се следи нивниот пример.

Радио МОФ веќе истражуваше на оваа тема, за тоа со кои проблеми се соочуваат лицата со попреченост и недостигот на Центар за обучување на кучиња придружници.

ФОТО: Јелена Карлеуша облечена за настап, како да оди на снимање филм за возрасни

Иако својата „пинк“ фотосесија во лифтот на Инстаграм балканската „скандал дама“ Јелена Карлеуша ја опиша како „говор на телото“, многумина ја окарактеризираја малку поинаку… Како „порно Барби“.

Карлеуша овој пат ја поминала „црвената линија“, па нејзиниот аутфит за настап повеќе наликува како пејачката да тргнала на снимање филм на возрасни, отколку на концерт! Секси гаќички, градник и жартиери од проѕирна розова тантела и високи розови чизми до препони во кои Карлеуша изгледа како да е гола!

Коментарите и лајковите го поплавија Инстаграм, а лифтот…?  Мажите плачеа да се најдат со неа во него… и молеа Бога да се заглави!

ФОТО: Здравко Чолиќ после 52 години го признал синот

Иако на Евровизија во дамнешната 1973 година со песната “Гори ватра“, евровизиските фанови од цел свет и понатаму внимателно ја следат работата на Здравко Чолиќ.

Сега на социјалните мрежи се појавила урнебесна споредба, каде што некој напишал текст каде што Чола после 50. и повеќе години решил да го признае синот.

- Здравко се до својата 52 година, никогаш не го признал пеачот Амра Казиќ Лео. Оваа тајна сите овие години била криена од него. Но после се, сепак се одлучил на некои медиуми да им признае дека Амир е негов син. Многупати се зборувало како Лео го имитира Здравко Чолиќ, и дека слично пее како него. Сепак истите медиуму признале дека тој не го имитирал, туку дека тој е ист Чола.

Амир Лео, роден е во Сански Мост, 17 октомври, каде што одел во КУД Грмеч. а со пеење почнал да се занимава во средно училиште

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Dobar vam daaaan #brtonigla #istria #istrien #croatien #croatia

A post shared by Amir Kazić Leo Official (@amirkazicleo) on

Тамара за првпат проговори за немилата случка при изведувањето на химната

На фестивалот „KengaMagjike“, кој се одржува во Тирана, Албанија, Тамара Тодевска беше прогласена за најдобар интернационален артист.

На фестивалот се претстави со нејзината нова песна „Monsters“, чии автори се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, а текстот е на Коста Петров.

Непосредно пред настапот на фестивалот, Тамара даде интервју за порталот Wiwibloggs, и за првпат проговори за немилата случка при изведувањето на химната во Американската амбасада во Скопје.

„Мислеа дека некој ми рекол да го направам тоа, дека некој ми платил. Јас пеев таму без хонорар“, рече Тамара.

Додаде дека била нервозна поради изведбата и дваесетина минути пред настапот, татко ѝ ѝ рекол да го разгледа текстот. Поради стресот околу подготовките, Тамара рече дека заборавила дека химната на Македонија со текот на годините се менувала.

„Проверив на Сафари и всушност сум ја прочитала погрешната верзија“, додаде Тамара.

„Го измешав текстот и тогаш започна омразата. Толку многу ме мразеа. Тој период кога требаше да бидам среќна поради сè што се случи, да бидам горда на себеси, бев заклучена во четири ѕида. Се прашував што се случи“, се присети Тамара.

„На луѓето кои ме знаат им е јасно дека никој не може да ми каже што да правам. Едноставно згрешив, не беше професионално, но сите грешат. Ова е прв пат да зборувам за тоа, но многу им бев лута на моите луѓе. Тие веруваа дека јас сум се продала. Тие заборавија сè, само по два месеци! Велат дека жирито гласало за мене бидејќи го променивме името, не, тие гласаа за нас бидејќи бевме добри“ додаде  Тамара за Wiwibloggs.

Популарно