Се јави таксистот на Павле Богоевски

Според информациите на oбвинитeлcтвoтo сега се бара нeпoзнaт таксист од нeпoзнaта такси компанија на која најверојатно Богоевски не се сеќавал кога приjaви во полицијa.

Ова не помина најдобро кај твитер заедницата во Македонија, па сега прават “синџир” во кој стотици луѓе тврдат дека се таксисти на пратеникот.

Камчев, главен на СЈО, Мијалков на Врховен суд!

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски:

„Само мали претумбации и ќе не биде.

Груевски, директор на затворот Шутка

Муковски главен вратар во истоимениот затвор. 

Камчев, главен на СЈО

Мијалков, претседател на Врховен

Заев, министер за надворешни комуникации по телефон

Оливер Спасовски, Архиепископ Северномакедонски

Ахмети, министер за транспорт на опојни супстанци и дивоградби

Пендаровски, министер за љубовни односи

Боки 13, министер за социјала: Земам од богати, си давам на себе.

Катица Јанева, шеф на здружението Паднати ангели

Бети Канчевска, министерка за српски правоговор

Кирацовски министер за швалерски вработувања

Димитров, министер за ничим изазван оптимизам: Ќе не биде!

Рашковски, министер за небо планети и тендери.

Тамара директорка на Брза помош и главен механичар на амбулантите возила

Царовска, министерка за невладини и нивна трансформација во владини. 

Фатиме и Ленче, министерки за плакнење очи и наши претставнички на мис на светот.

Стојанче, министер за ќерамиди. 

Костадинов ќе го води министерството за деца кои се уште на цицката на мајката.

Латас министер за вистина

Миленко, министер за сточарство и расплод на кози. 

Мицковски, министер за лешперај и бројлеризам. 

Миле Јанакиевски, да се прогласи за светец и маченик

Ова се тие ситни интервенции што ќе не однесат во ЕУ„

Златна Книга со твит на денот: Те бива со рекет?

Цела Македонија го следи обвинението за Боки 13 и Зоки Кичеец за изнуда, односно рекет од 8 милиони евра, а Златна Книга успеа да го сврти во „своја полза“.

Пред неколку дена, имаа уште еден вонсериски твит.

Радар измерил возач со брзина од 696 километри на час!

На белгиски државјанин на домашна адреса му стигнала неверојатна казна.

Тамошната полиција го товари дека со своето возило „опел астра“ буквално го „прелетал“ поставениот полициски радар со неверојатна брзина од 696 km/h! Toa e најголемата брзина некогаш измерена со полициски радар.

Инаку, во Белгија се толерира брзина која е од шест отсто повисока од ограничената, но оваа од 654,24 km/h e вртоглаво повисока на таа делница.

Возачот поднел жалба во која навел дека се работи за систематска грешка, затоа што неговата „астра“ не може да развие брзина поголема од 180 km/h.

Популарно