Доживотен затвор за силувачите и убијците на деца

Собранието на Република Србија ги усвои измените во Кривичниот закон со кој се предвидува доживотен затвор за тешко убиство, силување, обљуба на малолетно лице, трудница и немоќни лица, што беше предлог на фондацијата „Тијана Јуриќ“.

Освен владеачкото мнозинство „Законот на Тијана“ со гласови го поддржаа и радикалите, пратениците на Лигата на социјалдемократи на Војводина и уште двајца пратеници од опозицијата.

Со иницијативата на Фондацијата „Тијана Јуриќ“ предвидено е судот да не може да ослободи осуденик за кривични дела одредени со таа иницијатива, за оние кои се осудени заради убиство на деца, трудници и немоќни лица.

Иницијативата е формирана во чест на Тијана Јуриќ, која што беше киднапирана и убиена на 26 јули 2014 година на 15-годишна возраст.

Грција реши да дели пасоши на странци кои не се од ЕУ

За привлекување инвестиции, грчката влада размислува да донесе закон за доделување грчко државјанство и грчки пасош за странците од трети земји кои ќе купат недвижен имот во Грција во вредност од најмалку два милиони евра, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Според истите информации, идејата на владата е физички и правни лица да ја одберат Грција како нивно место на живеење, каде што и ќе се оданочуваат нивните приходи.

Овој план е во момент кога доста инвеститори кои доаѓаат од земји вон Европската унија, поради Брегзит, бараат нова дестинација за купување недвижнини, пишува весникот и објаснува дека законот би предвидувал и гаранции за да се избегнат измами.

Оваа идеја на грчката влада е независно од веќе постоечката „златна виза“ што предвидува петгодишна дозвола за престој за странските државјани кои се стекнуваат со недвижнина во Грција во вредност од најмалку 250 илјади евра, jави дописничката на МИА од Атина.

„Катимерини“ пишува дека грчката влада, размислува да го следи примерот на Кипар, Малта, Велика Британија, Бугарија и Холандија кои веќе го спроведуваат моделот натурализација на инвеститорите во недвижнини кои доаѓаат од трети земји.

Љупчо Палевски приведен во Белград

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо вчера е притворен во Белград, јавува порталот Скопје 1. Палчо бил приведен во моментот кога сакал да се качи во авион за Москва.

Според порталот; Палевски е притворен по потерница од Хрватска и во моментов е во екстрадициски притвор.

Палевски има кривична пријава и во Македонија затоа што во април годинава на настан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“.

Засега нема информации од нашите институции за апсењето на Палевски во Белград.

Гpом удpи во авионот со кој летал Ивица Дачиќ

Вистинска дpама се одиграла на небото над Словенија. Гpом го погодил владиниот „фалкон“ со кој министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, патувал кон Љубљана.

Благодарение на присебноста на пилотот авионот безбедно е приземјен на љубљанскиот аеродром, а Дачиќ го продолжил патот кон Блед, каде ќе учествува на стр атешки форум.

Си лно невреме денеска ја погоди Словенија и Хрватска, каде само за два часа забележани се повеќе од 20 илјади молњи.

Ова не е прва ваква ситуација со авионот „фалкон“ на Владата на Србија. Кон крајот на мај над небото на Грција истиот авион се расипа во кој исто така се наоѓаше Дачиќ и беше принуден итно да слета на аеродромот во Атина и тоа во рок од 15 минути.

Популарно