Саша Поповиќ откри детали за новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“

Последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ ги руши сите рекорди, а според новите правила членовите на жирито се и ментори на кандидатите.

Односно, секој член од жирито бираа од кандидатите и во текот на целата година заедно работеа и соработуваа.

Меѓутоа, Саша Поповиќ за следната сезона најави нови промени за музичкото шоу, а во план е обидинување на сите екс југословенски држави кои имаат свои кандидати во музичкото шоу.

„Во новата сезона целото екс – југословенско жири ќе биде против жирито во студиото, а во центарот на вниманието ќе бидат кандидатите“ вели Саша Поповиќ во „Ѕвезде Гранда Специјал“:

Поповиќ не ги откри имињата на членовите на жирито од екс југословенските држави.

Биба Додева прогласена за победник, Дац протестираше на сцената!

Откако Биба Додева беше прогласена за победник во поп-вечерта на „Охрид-фест“ и се појави на сцена каде ѝ беа врачени наградите, нејзината радост на момент ја прекина актерот Драган Спасов-Дац кој обвини дека бодовите од жири-комисијата не се пресметани како што треба. 

Организаторот одлучи да се повтори гласањето, а според претходното рангирање Дац кој настапи на фестивалот во дует со Митевски се најде на второто место. По прегласувањето Биба повторно заврши на врвот.

ВИДЕО: Вале Гулабица во крвет со маж со перика!

Ја немаше подолго време или барем нас не ни излегла пред очи, но еве Вале била вредна. Снимила песна и спот, закачени на YouTube во Јули годинава.

Песната, доследна на нејзините претходни хитови. Спотот.... спотот е... спотот.... Погледнете сами:

ВИДЕО: Потпретседателот на СДСМ кога беше пејач

Авторот и ПР експерт, Коста Петров пред неколку дена беше избран за еден од потпретседателите на владејачката СДСМ.

Петров најмногу и е познат на македонската јавност по неговите книги. Тој е еден од најпродаваните автори во Македонија. Неговите „Се гледаме на врвот“, „Стравот“ се бестселери. Беше и портпарол на Министерството за здравство, кога истото го водеше актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари од Алијансата за Албанците. Тој беше и еден од авторите на евровизиската песна „Горда“, со која настапи Македонија на последната Евровизија во Израел.

Сепак во неговата биографија има и едно музичко остварување, овековечено со видео запис.

Коста Петров - Град на порази

Популарно