Дали жените се посреќни ако се „сами“?

Не мажените жени и тие без деца се најсреќната подгрупа во популацијата и најверојатно ќе живеат подолго од оние што се во брак и жени коишто одгледуваат деца,  тврдат „експерти“.

Професорот Paul Dolan од лондонската школа за економија, кој зборуваше на фестивалот Хеј, рече дека најновите докази покажуваат дека традиционалните принципи кои се користат за мерење на успехот не се во корелација со среќата - особено за жени во брак и жени со деца. 

"Жените кои се во брак се посреќни од другите подгрупи на населението, но само кога истражувањата се спроведуваат во присуство на нивниот сопружник. Кога брачниот другар не е присутен: податоците се различни", вели професор Долан. 

Тој рече дека одредени парови  со текот на времето „заклучуваат„,  дека мажите треба да се оженат, но не и жените да се венчаат.

"Мажите имаат корист од брак затоа што се" смириле ", помалку  ризикуваат и да заработат повеќе пари. Во принцип, живеат малку подолго. Мажените жени, од друга страна, повеќе страдаат и умираат порано. Најздравите и најсреќните под-групи на население се жени кои никогаш не  се мажеле или немал деца ", рече тој. 

Професор Пол Долан е автор на  книгата Happy Ever After,  во која се наведени, резултатите од анкетата спроведена во САД, која се однесува на користење на времето во однос на задоволството на различни поткатегории од населението. 

И покрај придобивките на начинот на живот на жените без деца, Долан изјави дека постоечкото „правило“ во  кој бракот и децата се знаци на успех може да биде стигма  која некои жени ги наведува да се  изјаснат дека се чувствуваат  несреќни.

Ова се три хороскопски знаци кои се вистински нарциси

Хороскопот открива многу за нашиот карактер.

Тој ги открива нашите добри и лоши страни. Сите се сакаме себеси и понекогаш сакаме да бидеме во центарот на вниманието, но постојат три знаци кои се вистински нарциси.

Овен

Овните се познати по својата импулсивност, упорност и желба за внимание. Тие се способни да направат драма од ништо и не само што не им е важно како ќе изгледа тоа во вашите очи, туку и се полни со себе кога тоа ќе се случи. Сакаат да бидат доживеани како храбри и единствени и веруваат дека се многу подобри од останатите. Никој не знае ништо подобро од нив.

Лав

Родените во овој знак се познати по својата драматична природа и потреба за внимание. Тие живеат за моментите кога се во центар на вниманието и тогаш се чувствуваат како ѕвезди. Нивната самоувереност често се изразува како нарцисоидност бидејќи тие сакаат да зборуваат за својот успех, но и тоа колку се сакани и ценети.

Стрелец

Стрелците се познати по својата независност и спонтаност. Ја сакаат слободата и сметаат дека не мораат за ништо да им се објаснуваат на другите. Но, нивната постојана желба за авантура може да направи да сметаат дека само нивните искуства се важни и дека со самото тоа тие се подобри од другите кои не живеат на ист начин. 

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога станува збор за работата. Ќе успеете да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Можни се проблеми поврзани со кашлица.

БИК

Заземете еден одреден став и борете се за него до крај. Не ја расфрлајте својата енергија на споредни цели. Ако сакате промени многу е важно да му покажете на партнерот во која насока размислувате. Чувствителен предел на градниот кош.

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате стабилна ситуација на работно поле. Имате можност да дојде до добра соработка. Доколку сте слободни, може да се надевате на ново познанство. Денот е поволен и за зафатените. Водете сметка за исхраната.

РАК

Доколку се пред вас нови случувања подгответе многу енергија за промени. Нема да биде лесно. Ве очекува можност да влезете во љубовна врска со личност кон која имате одредени симпатии. Можни се проблеми со притисокот.

ЛАВ

Финансиската ситуација може да биде позитивна ако се потрудите да донесете правилни одлуки. Сакате да му ги покажете на вашиот партнер своите искрени емоции. Време е вашата врска да напредува. Поволен период за почеток на диета.

ДЕВИЦА

Можно е потпишување на договор. Разгледајте ги сите ставки пред да се одлучите на таков чекор. Сакате да направите промени на ова поле и многу ви е важно саканата личност да размислува во тој правец. Избегнувајте цигари.

ВАГА

Слушајте ја својата интуиција и потрудете се да се посветите на работата максимално. Време е да се насочите кон нови работни задачи. Ова не е поволен ден, ве очекува разочарување поврзано со нова личност во вашиот живот. Можни се проблеми со нервниот систем.

ШКОРПИЈА

Обидете се да одржите стабилна состојба на работно поле. Дајте си време да научите нови тајни на својот занат. Имате впечаток дека партнерот е ладен кон вас. Можно е да дојде до прекинување на врската. Склони сте кон депресија.

СТРЕЛЕЦ

Не е поволен ден за вас на работно поле. Може да очекувате некои компликации. Ви се отвора можност да ја освоите личноста кон која имате емоции уште од минатото. Внимавајте на црниот дроб и панкреасот.

ЈАРЕЦ

Можно е да се трудите да дојде до промени, но сѐ уште не можете да успеете во тоа. Покажете малку трпение. Се појавуваат нови проблеми помеѓу вас и саканата личност и не ви е лесно да се носите со нив. Потребна ви е масажа.

ВОДОЛИЈА

Размислувате за започнување нов бизнис но како сѐ уште да не сте подготвени за тој чекор. Доаѓате до контакт со личност која ќе посака сериозна врска. Дали сте подготвени да и го овозможите тоа? Здравствената состојба е сѐ подобра.

РИБИ

Ви се нуди можност за напредување и секако треба да ја искористите шансата. Ви изгледа дека партнерот не се поставил фер кон вас и тоа не ви се допаѓа. Можни се проблеми со забите.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Популарно