Големо БРАВО за овие херои!

Танчерите со Даунов синдром од танцовото студио „Денсерс јунајтед МК“ во саботата го освоија златниот медал на Европското првенство во хип-хоп што се одржуваше во Римини, Италија. Припадниците на оваа танчерска група во изминатите неколку години имаат освоено уште неколку медали надвор од земјата на светски и европски првенства, а во Македонија се државни прваци од 2015.

Организацијата Денсерс јунајтед МК веќе 6 години успешно работи за инклузија на овие лица и унапредување на можностите на лицата со попреченост, а нивниот клуб е најтрофејниот клун со највисоки европски и светски медали. Тие минатата година беа европски шампиони на натпреварот што се одржа во Џенова, Италија, а потоа, при крајот на годината, станаа и светски шампиони на натпреварот што се одржа во Киелце, Полска.

Името Даунов синдром ова растројство го доби по името на англискиот лекар Џон Ленгдон Даун кој во 1866 година прв го опиша овој синдром, речиси 100 години пред да се открие причината за нарушувањето. Иако другите луѓе претходно ги препознаваа карактеристиките на овој синдром, тој беше првиот што го опиша посебно, а потоа во 1959 година францускиот генетичар Жером Лежен на 21 пар на хромозоми откри уште еден хромозом вишок, наместо два, па така наместо 46, имаат вкупно 47 хромозоми.

 
Данцерс Унитед Мк

* Данцерс Унитед врши уписи за деца од 4-16 години за латино танци, хип хоп и балет за новата учебна година 2018/2019год. Со часови почнуваме од 3ти Септември! * Данцерс Унитед е инклузивно танцово студио кое е дом на државни и европски шампиони и светски финалисти во повеќе танцови категории. Бидете и вие дел од нашата приказна ! * Данцерс Унитед истотака врши уписи за возрасни за Аеробик , Зумба и Пилатес. *Единствена прилика за вежбање во ист термин со вашето дете во различни сали. * Месечна членарина од 1100-1300 денари. Контактирајте не на : 071 470 441 , 070 214 561 , инбокс или [email protected]

Posted by Dancers United on Sunday, August 26, 2018

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

Приказната за скопското бездомно куче Чопер и виетнамскиот јутјубер Ву

Македонските граѓани трагаа неколку денови по бездомното куче Чопер,тоа повторно се најде во рацете на неговите сопственици кои случајно го запознаа, додека биле на привремен престој во Скопје.

 Тие утре, заедно со бездомното куче од скопските улици, ќе отпатуваат за Германија.

Приказната започна на социјалните мрежи каде што младиот тиктокер и јутјубер, Филип Ву, кој потекнува од Виетнам, побара помош од Македонските граѓани. Овој човек патувал на повеќе дестинации во светот, а животот го донел и во нашата земја.

„Ако сте од Скопје, Македонија или знаете некој од таму, ми треба вашата помош …“, го започнува видеото.

На својот „Инстаграм“ профил, Ву објаснил како додека престојувал во нашата татковина започнал да се грижи за бездомно куче, хранејќи го секојдневно. По извесно време, кучето ја стекнало неговата доверба и почнало да го пречекува кога и да се враќал дома.

Љубовта била обострана, па така овој човек се одлучил да го посвои животното, откако ќе се врати од Германија во Македонија со автомобил. За тоа време, планот бил кучето да престојува кај неговиот пријател од Скопје.

Но, во периодот додека бил отсутен кучето се изгубило.

За среќа, со помош на македонските граѓани, Чопер е пронајден и заедно со јутјуберот Филип Ву, „ќе поднесе документи за германско државјанство“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Phillip Vu (@phillipqvu)

Популарно