Еве како влијае водењето љубов врз вас

Сексот четири пати неделно ќе направи чуда за вашиот тен. Доколку често сте "зафатени" во спалната соба, подолго време ќе останете младолики.

Познато е дека сексот е одличен за вашето здравје, но придобивките кoи ги има вашето тело од него зависи од тоа колку пати неделно го практикувате. Сите експерти за секс, како и психолозите ќе ви кажат дека сексот е исклучиво добар за здравјето, но колку придобивки ќе имате од него, зависи од вас.

Колку почесто практикувате секс, толку поздрави ќе бидете, а во зависност од бројот на денови за време на неделата кои ги поминувате во жешки игри во креветот ќе имате повеќе или помалку здраствени предности. 

Еднаш во седум дена - Сексот еднаш неделно позитивно ќе влијае на одржувањето на вашата линија. Водењето љубов го стимулира лачењето на хормонот окситоцин, хормонот на љубов кој, освен што предизвикува блискост помеѓу партнерите, допринесува и помирен и поквалитетен сон, вели др. Хелен Фишер, антрополог од Универзитетот Рутгерс.

Повеќе сон - помалку килограми, бидејќи спиењето го регулира лачењето на хормоните грелин и летин, кои се одговорни за чувството на глад.

Два пати неделно - Луѓето кои уживаат во сексот најмалку два пати неделно имаат 30% поголемо ниво на имуноглобин кој на организмот му помага да се одбрани од болести, тврди едно американско истражување. Доколку имате редовен секс, имунитетот ќе ви се зајакне, па помали се шансите да "закачите" некоја инфекција.

Три пати неделно - Сексот ја зголемува работата на срцето и ја забрзува циркулацијата на крвта. Луѓето кои уживаат во сексот најмалку три пати неделно се изложени на дупло помал ризик од инфаркт отколку оние кои не го практикуваат, според истражување спроведено од научниците на Универзитетот во Бристол.

Четири пати неделно - Сексот четири пати неделно ќе направи чуда за вашиот тен. Доколку сте често "зафатени" во спалната соба, подолго време ќе останете младолики. За време на сексот се зголемува производството на колаген, кој ги спречува брчките и пегите на кожата, велат лекарите од Кралската болница во Единбург, кои биле вклучени во истражувањето на оваа тема. Квалитетниот сексуален живот допринесува за одличен тен и блескава коса, бидејќи циркулацијата за време на сексот се забрзува. Со самото тоа, кожата добива повеќе кислород и изгледа посвежо. Забрзаната циркулација поттикнува и ослободување на токсини.

Пет пати неделно - Редовните сексуални односи го подигнуваат општото ниво на енергија, не прават пооптимистички настроени и покреативни (на сите полиња, не само во креветот), Покрај ова, вашиот однос со партнерот ќе биде поквалитетен, истакнува д-р. Фишер.

Шест пати неделно - Сексот не прави попaметни. Подобрата циркулација значи дека и мозокот подобро работи, а кога ќе доживееме оргазам, доживуваме и "експлозија" хормони кои можат да влијаат и на нашите интелектуално моќи на најпозитивниот можен начин. 

Седум пати неделно - Доколку успеете да го изведете ова, секоја чест. Тоа значи дека не дозволувате да вe спречуваат останатите фактори, како стресот, да уживате во животот. Редовниот секс го намалува нивото на стрес и ги забрзува анксиозните растројства кои се толку чести во денешното време, покажало истражувањето, а објаснувањето кое се крие зад ова е најверојатно зголеменото лачење на ендофрин кој предизвикува водење љубов.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно