(ВИДЕО) Директното сведоштво на Алиоски: Од инает решив да се „одмаздам“

По бурните реакции од  несаканите сцени во прилепскиот ресторан Ла Страда, дојде и конкретен коментар и сведоштво на фудбалерот на Лидс Јунајтед, Алиоски.

Репрезентативецот на Македонија преку тв прилог на Телевизијата Клан Македонија, на новинарот Фуркан Салуи и јавноста во Македонија, одблиску ја објасни инцидентната ситуација, која добива појасна слика за случката од вчера.

Боки 13 се закани: Едно нешто да знаете, едниот клуч од “Пандорината кутија” е кај мене

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, издржува триесетдневен притвор во Шутка, по акцијата која ја спроведе Обвинителството, при што тој и Зоки Кичеец беа лушени од слобода.

На 28 Јуни оваа година, Боки 13 го даде своето последно интервју на 1ТВ, а кое беше поврзано со објавените шпекулации на новинарот Бранко Геровски. Тој при крајот на интервјуто упати порака:

,,Едно нешто да знаете, едниот клуч од “Пандорината кутија” е кај мене”.

На што и на кого мислел Јовановски и има ли и тој некакви адути, останува да видиме. И секако, кому му беше упатена оваа своевидна закана. 

ВИДЕО: Бизнисменот пред камерите за рекетот од Боки13, „Кики“ и Јанева!

Азманов е еден од бизнисмените кои се одважи јавно да проговори за начинот на рекетирање.

Тој обвини за директна спрега на сега протворениот Боки 13 со специјалната обвинителка.

Наредба до војниците на АРМ: Да се отстрани натписот Македонија од униформите

Во гарнизоните на АРМ е дадена наредба да се извади името Македонија од униформите на војниците – тврдат извори од АРМ. Според информациите, минатата недела, по читана наредба на утринската смотра, низ гарнизоните е наредено да се отстрани натписот „Македонија“ кој се наоѓа на левата страна од униформите на војниците.

– Реформите на Радмила Шекеринска се гледаат на дело. Откако беше наредено да се отстрани името Македонија, беше посочено дека доколку не се почитуван наредбата ќе следува парична казна, како и други казнени мерки. Но ова не беше доволно. Откако дел од војниците одбија да ја почитуваат наредбата и не го отстранија натписот, кој е всушност лепенка – чичак трака, следуваше уште една мерка – отстранување на чичак траката од самата униформа со цел војниците да не можат повеќе да ја вратат лепенката со името „Македонија“ на своите униформи – објави Република.

На 3 јули претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски ја потпиша уредбата за ознаките на униформите на Армијата која од тој момент стана Армија на Република Северна Македонија.

Популарно