Лина Пејовска влезе во финалето на најпопуларното хрватско музичко шоу

Македонската пејачка Лина Пејовска влезе во финалето на хрватското музичко шоу „Ѕвезди – летен хит“. Таа го воодушеви жирито со песната на Тончи Хуљиќ, Tower of Babylon, која на фестивалот „Дора“ ја пееше Лорна Буќан. Потоа испеа и дует со Петар Грашо.

„Совршена си, не можам да поверувам дека имаш само 16 години. Поседуваш се што треба да има една ѕвезда“, и рече Андреа Андерсај, една од членовите на жирито.

Лина уште од почетокот е една од милениците на публиката, но и на жирито во кое се членови Тончи Хуљиќ, Петар Грашо, Бранко Ѓуриќ, Нина Бадриќ и Андреа Андерсај. Таа во првиот круг ја пееше евровизиската песна My Number One од Хелена Папаризу

„За учество во музичкото шоу се пријавија преку 2000 кандидати, а влегоа само 60, меѓу кои и јас. Во првиот круг поминав одлично, добив преубави коментари од жирито и затоа сум презадоволна од мојот настап“, рече неодамна Лина за „Репортер“.

Јавноста во регионот ја запозна Лина по учеството во шоуто „Пинкови ѕвездички“. Од неодамна таа снима преработки на светски и балкански хитови, а нејзините видеа имаат преку 2 милиона прегледи на „ЈуТјуб“.

Финалето на најпопуларното музичко шоу во Хрватска ќе се одржи следната сабота (22 јуни).

Тијана Дапчевиќ со неверојатна стилска трансформација се појави во „Ѕвездите на Гранд“ и ги остави сите со подотворена уста!

Според правилата на новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, како дел од жирито, покрај стандардните членови се појавуваат и гости кои ги оценуваат настапите на натпреварувачите.

Таа улога овој пат и припадна на Тијана Дапчевиќ која за оваа прилика реши да направи драстична стилска трансформација за која претходно се подготвуваше.

Имено, таа пред присутните се појави со руса перика во розова нијанса, а згора на тоа имаше и леќи во боја кои направија да има сини очи. Необичниот шарен женски костум, манекенскиот став, периката и бојата на очите, нежната шминка, направија Тијана да изгледа тотално поразлично.

Не се сомневаме дека таму ги оставила сите во чудење, а истата реакција ја предизвика и кај следбениците на Инстаграм, а особено изненадена беше нејзината сестра Тамара Тодевска.

Мора да признете дека Тијана изгледа одлично!

Фронтменот на рок-групата „Карс“ пронајден мpтoв

Фронтменот на рок-групата „Карс“, Рик Окасек беше пронајден мpтoв во стан во Њујорк. Полицијата вчера соопшти дека властите рeaгирале на повик на телефонот 911, па кај 75-годишниот пејач само била кoнстатирана cмpт.

Нема знаци на нacилcтво и нaпaд. Причината за cмpттa на рокерот ќе биде утвpдена по oбдyкцијaта.

Меѓу најпознатите хитови на „Карс“ од крајот на 1970-тите и 80-тите, се „ Just What I Needed“, „Shake it Up“ и „Drive“.

Бендот лани беше поставен и во Рок-ен-рол салата на славните. (МИА)

Популарно