Како Пепси пристигна кај нас

Пијалок кој е меѓу најпопуларните во цел свет  е Пепси, брендот е роден во 1898-ма година од  страна на  Кејлеб Брадам.

Во Македонија сепак, е дојден малку подоцна, во 1979-та, верувале или не поради еден судбоносен телефонски разговор. Имено, во мемоарите на Претседателот на управниот одбор на Прилепска Пиварница, Кирил Самарџиоски, запишана е ситуација од мај 1978-ма кога стигнува телефонски повик во неговата канцеларија: „Господине Самарџиоски, дали би биле љубезни да не примите мене и уште еден човек на состанок?“

Луѓето кои по неколку денови доаѓаат во Прилеп се Ричард Хајнрих, шеф на бирото на Пепсико за Југоисточна Европа во Виена, и Антун Халожан, менаџер на ПепсиКо за Југославија. Првите разговори за доаѓањето на големиот светски бренд во Македонија се правени верувале или не, во прилепски ресторан, каде високите преставници од Пепсико за прв пат во својот живот пробале прилепски ширден!

Очигледно, им се допаднал и разговорот и специјалитетот, бидејќи неколку месеци подоцна во луксузниот хотел Интерконтинентал Загреб е остварена нова средба, овој пат со потпретседателот на целата Пепсико компанија Херберт Лај, а на 19 април 1979-та во Прилеп е официјално потпишан договорот за лиценца со кој Прилепска Пиварница добива ексклузивно право за производство и полнење на пијалоците од Пепсико групацијата.

Во неверојатниот сплет на околности веројатно има и голема доза на среќа, посебно поради тоа што години отпосле, откако станале и добри пријатели, г-дин Халожан му открил на г-дин Самарџиоски дека судбоносниот повик од мај 1978-ма дошол по неколку неуспешни обиди да се најде партнер на ПепсиКо во Македонија. Американците се сретнале со повеќе други производители на пиво и пијалоци, но за среќа за Прилеп, ниту еден не ги исполнил очекувањата и критериумите на ПепсиКо.

Гледајќи од оваа перспектива, очигледно е дека треба среќа во бизнисот, но среќата може да донесе една фирма само до одредена точка, натаму се е знаење, умешност и истрајност. За квалитетот на Прилепска Пиварница говорат признанијата кои компанијата ги има добиено од светскиот гигант.

Прилепска ја слави 40 годишнината на Пепси во Македонија со десетици високи признанија од ПепсиКо групацијата. Бронзени, сребрени и златни награди за квалитет, како и највисокото признание – Chairman’s Circle of Champions, за врвни перформанси во работењето. Награда која е толку ретка, што Прилепска Пиварница беше единствената фабрика во Европа која ја доби таа година.

По 40 години и повеќе од 50 милиони долари инвестирани во Македонија за маркетинг и производство од Прилепска Пиварница и ПепсиКо, брендот на Пепси продолжува да биде исклучително силен чинител во македонската економија. Во тек е и наградна игра за прослава на јубилејот, во која секој ден од овој месец еден купувач на Пепси добива по 40.000 денари, а на 1 јули сите недобитни учесници ќе учествуваат во извлекувањето на големата награда од 400.000 денари.

Високи преставници од ПепсиКо и Прилепска Пиварница ќе се состанат на 18-ти јуни за прослава на овие 40 години соработка и здравица за уште многу децении понатаму.

На Македонија навистина и се потребни вакви успешни приказни. Во надеж за тоа да ги има што повеќе во иднина, нека им е честита 40 годишнината на Пепси во Македонија!

0

Дневен хороскоп

Овен

Овни, имате јасни цели и способни сте да ги постигнете, што ќе ви донесе напредок на работа. Можни се романтични средби, бидете отворени за нови познанства. Енергијата ви е на врвот, затоа искористете го денот за физички активности.

Бик

Фокусирајте се на долгорочни проекти и бидете упорни во остварувањето на целите. Трпението ќе ви биде наградено, особено во стабилните врски. Внимавајте на исхраната и редовно вежбајте за да ја одржите виталноста.

Близнаци

Бидете флексибилни и подготвени за промени, може да се појават нови деловни можности. Комуникацијата е клучна за успехот во љубовта, отворено изразете ги своите емоции. Менталната стимулација е клучна, започнете ново хоби или научете нешто ново.

Рак

Ракови, стабилноста на работа е важна, бидете организирани и ефикасни. Семејните односи се во фокусот, обрнете внимание на најблиските. Емоционалната состојба може да влијае на здравјето, потребно е да се одржува рамнотежа.

Лав

Креативноста ќе ви помогне да се истакнете, да бидете храбри во искажувањето на вашите идеи. Изразете ја својата страст и љубов кон партнерот, бидете романтични. Физичката активност ќе ви донесе добро расположение и енергија.

Девица

Вашите аналитички вештини ќе бидат клучни за решавање на деловните проблеми, бидете ефикасни. Поврзете се со вашиот партнер преку разговор и заеднички интереси. Внимавајте на деталите во секојдневните активности за подобро здравје.

Вага

Ваги, соработката со колегите ќе ви донесе успех, бидете отворени за тимска работа. Важна е хармонијата во врските, работете на мирно решавање на конфликтите. Урамнотежете ги вашите обврски за да избегнете стрес и да одржувате добро здравје.

Скорпија

Вашата упорност ќе биде наградена, бидете упорни во остварувањето на деловните цели. Можни се интензивни емоции, бидете искрени и отворени со партнерот. Фокусирајте се на емоционалното заздравување и ослободување од негативните емоции.

Стрелец

Бидете иновативни и подготвени за нови предизвици, искористете ја вашата креативност. Отворено комуницирајте со партнерот и избегнувајте конфликти. Активностите на отворено ќе ви донесат ментална и физичка ревитализација.

Јарец

Јарци, работете на градење авторитет и зголемување на продуктивноста на работа. Поставете јасни граници во односите за да ја зачувате хармонијата. Организирајте го вашето време и дадете приоритет на одморот за да ја зачувате виталноста.

Водолија

Иновативните идеи ќе ви донесат успех, бидете храбри во експериментирањето. Изразете ја вашата оригиналност и неконвенционалност во вашиот љубовен живот. Одржувајте ментална јасност преку медитација или релаксирачки активности.

Риби

Креативноста ќе ви донесе успех, ќе бидете инспирирани и поврзани со вашите таленти. Емоционалното поврзување со партнерот е клучно, бидете интуитивни во односите. Чувствителноста може да биде изразена, затоа посветете се на релаксација и одмор.

На Хари Стајлс му испратила 8.000 писма, но тоа не е сè: Опседната обожавателка заврши во затвор

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

-Но, тоа не е сè. Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

-Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим, изјави извор близок до Стајлс.

Таа доби забрана да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност. 

Популарно