ОТВОРЕН НОВИОТ ПРОДАЖЕН САЛОН, ИНЖЕНЕРИНГ и СЕРВИСЕН ЦЕНТАР на ЕНЕРГИЈА ДОО

ЕНЕРГИЈА продолжи да ја шири својата продажна мрежа во Скопје, а овој пат на ред беше нов продажен салон во населба Визбегово на површина од 1400 м². Суштината на овој продажен салон е да се понуди најдоброто на клиентите низ целата држава. По продажниот дел, следи и сервисен дел, кој исто така е опремен по стандардите на компанијата што е и воедно единствениот центар во Македонија за топлински пумпи, чилери, VRF/Multi системи и инвертер клима уреди. ЕНЕРГИЈА доо е единствен официјален дистрибутер на светските лидери за климатизација TOSHIBA, CARRIER и HAIER за Македонија.

Ова е втор продажен салон на компанијата, кој е комплетно опремен со сервисен центар за TOSHIBA, CARRIER, HAIER сo 4 сервисни станици за испитување на системи, има можност за симулација на работа на чилери/топлински пумпи, инвертер клима уреди, VRF системи и е единствен сертифициран сервис за TOSHIBA, CARRIER и HAIER за Македонија. Компанијата располага со стручни лица/машински инженери кои го советуваат секој корисник според индивидуалните потреби при набавка на опрема за разни решенија.

На свеченото отворање и забавата приредена од сопствениците на компанијата, присуствуваа голем дел од нивните соработници, клиенти, пријатели и семејствата. Соптвеницте заедно со претставници од најголемите компании со кои соработуваат како Кристијан Фитц претставник на Toshiba и одговорен за Југоисточна Европа, Григорис Констас претставник на Carrier за Југоисточна Европа и Ивица Станковиќ одговорен за Haier во Јадранскиот регион, ги поздравија гостите и им се заблагодарија за довербата, лојалноста и поддршката во секое поле од работењето сите овие 14 години од нивното постоење. Во одлично расположение за коешто се погрижи бендот South Park сите присутни го прославија почетокот на оваа нова етапа на ЕНЕРГИЈА доо.

ЕНЕРГИЈА доо е формирана во 2005 година како компанија за продажба, проектирање и изведување на системи од областа на климатизација, ладење и греење. Следејќи ги светските стандарди и трендови и имплементирајќи ги во секојдневното работење Енергија континуирано го зголемува бројот на клиенти. Денес Енергија е препознатлива компанија во Македонија која асоцира на стручност, квалитет, професионалност и ефикасност, компанија која се води од потребите на клиентите. Располага со опрема од светските производители на ладилници на течност (chiller-и),топлински пумпи, вентилаторски конвектори (fancoil), клима комори, клима уреди итн. Дејноста на компанијата опфаќа климатизација на јавни и административни објекти, спортски и комерцијални центри, деловни простории, станбени објекти, индивидуални објекти итн.

Ексклузивна акција на градежната компанија „Бортас“ – 7 недели, 7% попуст

Градежната компанија „Бортас“ денеска почнува промотивна акција за мали станови во Riverview Residence, една од најубавите згради на новата атрактивна скопска локација Криви Дол, со цел на своите купувачи да им помогне полесно да дојдат до нов дом и да почнат нова приказна.

Единствено во следните 7 недели (11.09 - 30.10.2019) „Бортас“ нуди 7% попуст на мали станови со квадратура од 30 до 50 м2. Со оваа акција секој поединец што сака да почне самостоен живот има можност за избор на стан со функционален распоред и квалитетна градба по промотивна цена од 990 до 1090 евра за m2. Во целиот процес на купопродажба тимот на „Бортас“ нуди и помош при избор на соодветен станбен кредит согласно потребите на секој клиент и поддршка во целиот процес на апликација.

Објектот Riverview Residence се наоѓа покрај кејот на реката Вардар, во непосредна близина на Градскиот парк, изолиран од метеж и опкружен со зеленило, a на само 3 км од центарот на градот. Објектот е изграден според најновите стандарди за модерно и урбано живеење и нуди одлични услови за здрав живот и рекреација. Изградбата на објектот е со висококвaлитетни материјали и опрема, термичка и звучна изолација, енергетска ефикасност од А-класа со индивидуален систем на греење и вграден клима-уред во секој стан.

Една од главните придобивки на локацијата на Riverview Residence е тоа што е во непосредната близина на Градскиот парк, што овозможува мирна и опуштена атмосфера, чист воздух и отворен простор за уживање во секој дел од денот.

Објектот Riverview Residence е најновиот проект на градежната фирма „Бортас“, која има 29-годишна традиција и искуство во изведба на станбени објекти наменети за пазарот на недвижности.

За подетални информации за акцијата „7 недели, 7% попуст”, посетете ја веб-страницата bortas.com.mk или контактирајте го тимот на „Бортас“ на телефонскиот број +389 2 32 27 625.

Голем шопинг фестивал во трговскиот центар Палма Мол, Тетово

Од денес Среда 04.09 па се до 10.09 голема шопинг еуфорија во трговскиот Палма Мол во Тетово.

 Шопинг фестивал со неверојатни попусти до – 70%, промоции, гратиси, награди и многу забава! Сите посетители ќе имаат можност да купуваат се што им е потребно за себе и нивниот дом по најниски цени со огромни попусти и можност за награди и гратиси.

 Овој настан изобилува со уште многу изненадувања и забава како и за постарите така и за најмладите.

“Палма Мол е трговски кој ги следи сите светски трендови и им овозможува секаков тип на акции на посетителите. Се разбира на барање на нашите закупци како и на уште поголемо барање на посетителите кои овој период од годината се најмногу расположени за шопинг , одлучивме да ги изненадиме со бомбастични попусти и многу забава.” – изјавија од трговскиот.

Овој Шопинг фестивал е вистинско уживање за сите. Попустите се присутни во секоја дејност,  од промо пакети во одделот за храна, облека, козметика, обувки, накит, школски прибор па се до мебел, електрични апарати и останато.

Ве очекуваме на купување од соништата!

Повеќе информации на:

Facebook 

Инстаграм

Една од најголемите авиокомпании во светот регрутира кандидати од Македонија

Водечката авиокомпанија од Блискиот Исток, и една од топ 5 најголеми авиокомании во светот, Saudia Airlines, објави оглас за регрутирање на кандидати од Македонија. Saudia Airlines, која во 2017 година е избрана за „Најподобрената авиокомпанија“, сега отвора можност за младите и амбициозни луѓе од Македонија да станат дел од нивниот тим.

Исклучителни услови и значителни бенефиции како здравствено осигурување, платен одмор, придобивки за купување билети за разни дестинации, конкурентна плата ослободена од данок и применлив додаток, како и целосно наместено и климатизирано сместување што следува за идните вработени.

Погледнете повеќе на следниот линк: https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/389594/Flight-Attendants/ и доколку ги исполнувате горенаведените критериуми и мислите дека оваа кариера е вистинска за вас пријавете се до 16 септември 2019 на [email protected] приложувајќи CV, 2 фотографии (една со големина за пасош и една целосна од кандидатот), копија од завршен курс по англиски, скениран пасош или лична карта.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на прелиминарно интервју (прв круг) што ќе се одржи во Скопје, а оние кои ги исполнуваат критериумите во првиот круг ќе бидат поканети на финалното интервју со претставници на Saudia Airlines, кое исто така ќе се одржи во Скопје.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават до 16. септември на е-маил: [email protected]

Saudia Airlines се основани во 1945 година и е национална компанија на Кралството Саудиска Арабија, чија флота од 149 авиони лета до повеќе од 80 светски дестинации. Компанијата е составена од меѓународни професионалци и вработува луѓе од повеќе од 50 земји.

Популарно