Колку чини ноќевање во Преспа?

Јунските цени за ноќевање крај Преспанското Езеро се изедначија со оние во Грција. Полупансион по лице во хотел и во Преспа и во Грција се движи од 1.000 до 1.200 денари. Според ценовниците на хотелите во Преспа , полупансион во „Лејк вју“ во Отешево и во „Рива“ во Стење чини 1.000 денари. Во понудите на туристичките агенции полупансион во хотели во Фурка и Сивири, Грција, чинат по цена од 18 до 21 евро (1.080 до 1.260 денари по лице).

Апартманите во Грција чинат по десет евра за ноќевање, а пак оние во Преспа по 250 денари на лице или за двајца по 500 денари. Да се изнајми бунглаов во Крани чини од 1.200 до 1.500 денари.

Туристичките работници велат дека услугите во Преспа не поскапеа, туку во периодот на предсезона, угостителите во Грција ги намалуваат цените на хотелите и апартманите.

„За предсезона се нудат специјални попусти, воедно ако се резервира апартман или хотелската соба уште во јануари , февруари или март имате намалување од 20 до 10 проценти. Нашите граѓани ги користат тие намалувања“, вели Диме Јовановски, туристички работник.

Но, сличностите запираат кај ноќевањата. Разликата во цените на храната и услугите по ресторани и кафулиња е голема. Во Преспа кафе може да се пие за 40 денари, а на Егејот од едно до пет евра. Во супермаркетите килограм домати чини 1,50 евра, краставици 1,20 евра, портокали 1,10 евра, лубеница 1,20 вера, лебот и до 1,20 евра, јогуртот од 2 до 4 евра… Во Преспа пак цените се и до двапати поевтини. Во ресторан пица чини од 10 до 19 вера, а во Преспа најмногу до 300 денари, плескавица 120 денари.

Ренесансата што Преспа ја доживеа изминатите години со средување на плажите и годинава ветува добра сеозна. Уредени се плажите во Долно Дупени, Сливница, Претор, Отешево, Стење, а наскоро во употреба ќе биде пуштена и пешачко- велосипедската патека која ќе ги поврзува туристичките населби Крани- Сливница-Претор.

Но, ваквиот тренд не го следат сместувачките капацитети. Преспа нема можност да прими поголеми групи туристи кои би престојувале повеќе дена. Има само четири хотели со вкупно 50 хотелски соби и нешто над пет таканаречени луксузни апартмани во кои можат вкупно да престојуваат 180 туристи. Останатото сметсување е по вили, бунгалови, соби и приколки.

Од Општина Ресен очекуваат недостигот на сместувачките капацитети да се надмине со реновирањето на хотелот „Европа“ во Отешево кој изгоре пред 17 години, а минатото лето го купи „Глобал инвестмент фонд“ од Обединетите Арапски Емирати. Како што најави градоначалникот Ѓоко Стезовски, градежните работи за обнова на хотелот треба да започнат наскоро.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

Иако веќе неколку години се зборува да се прекине со оваа пракса на поместување на времето сепак таквите најави не се остварија и затоа летното сметање на времето почнува од вечерва поточно од 2 часот по полноќ.

Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред и времето ќе се смета како од 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.

Популарно