Дневен хорскоп

Позицијата на Венера и Јупитер ќе ја  исполнат оваа недела со радост. Се’ што ќе го допрете денес може да ви биде омилено и да сакате повеќе, па парите ќе ви исчезнуваат од паричникот. Но, нема да ви биде жал. Уживањето ви е поважно од парите. За многумина денес, ова е лек за душата поради личното незадоволство и неисполнета душа. Обидете се да работите на други облици кои ќе ве исполнат долгорочно. Краткорочната среќа доаѓа и си оди.

Ви посакуваме со среќа исполнет ден.

Овен

Работа

Не дозволувајте одредени коментари да ве исфрлат од рамнотежа. Обидете се да се контролирате затоа што некој намерно ве провоцира.

Љубов

Направивте погрешна одлука и сега се каете.Јавете и се на љубена личност, признајте дека сте направиле грешка и обидете се да ја исправите.

Здравје

Имунитетот ви е во опаѓање.

Бик

Работа

Не обрнувајте внимание на коментарите на соработникот. Потпрете се на себе и вашите способности и навреме завршите ги  вашите обврски.

Љубов

Се чувствувате добро и задоволни сте со вашата постоечка врска. Поддршката за партнерот треба малку повеќе да ја цените. Вечерта минете ја со вашиот партнер, дајте му нежноста која ја чека …

Здравје

Нема промени.

Близнаци

Работа

Вие не сте во најдобро расположение и ќе ги одложите вашите обврски за следниот период. Обидете се да се концентрирате и да бидете сигурни дека нема да направите грешка.

Љубов

Страствената врска во која се наоѓате е во сериозна криза. Не пренесувајте ја одговорноста на вашиот партнер. И вие сте виновни како и партнерот, ако не и повеќе. Размислете за тоа, па делувајте.

Здравје

Склоност кон вируси.

Рак

Работа

Лице во знакпт на Рак ќе предложи деловна соработка. Согласете се на условите и искористете ја можноста која ја чекавте толку долго.

Љубов

Ова е вистинскиот момент за да се пријде на лицето што ви се допаѓа. Тој нема да одолее на вашиот шарм и духовитост. Оние кои се во врска денес ќе поминат мирен ден.

Здравје

Болка во мускулите.

Лав

Работа

Ќе имате разговор со работодавачот кој нема да биде пријатен. Прифатете ја понудата и сфатете ја како можност за промоција.

Љубов

Вие сте задоволни и делувате неодоливо во вашата околина, но конечно морате да донесувате одлука што ја прифаќате. Кој денес е вљубен, ќе биде уште попривлечен.

Здравје

Добро се чувствувате.

Девица

Работа

Ќе добиете можност да ја поправите грешката од минатата недела. Немојте да се колебате, дајте се од себе, тоа ќе ви појде од рака.

Љубов

Вие делувате отсутно и неинтересно, а вашиот партнер ве навредува. Покажете иницијатива и оптимизам и сè ќе биде како што треба.

Здравје

Меланхолија.

Терезија

Работа

Ќе добиете важна порака од соработник во знакот на Овен. Останете доследни во вашите намери и не ја злоупотребувајте довербата на работодавецот.

Љубов

Поканете лице кое некое време ви го привлекува вниманието. Не чекајте посебна пригода или повод, можеби денес е вистински ден за акција.

Здравје

Можни проблеми со забите.

Скорпија

Работа

Недоразбирањата кои постојат со деловните соработници ќе бидат успешно решени. Имате посебна поддршка од ваш постар колега.

Љубов

Вашиот партнер се чувствува запоставено, па понудете му заедничко излегување и разговор. Ќе ви годи внимание, а на партнерот уште повеќе. Оние кои се осамени денес нека го посветат својот ден на пријателите.

Здравје

Добро.

Стрелец

Работа

Деловниот состанок ќе оди добро, како што очекувавте. Ќе бидете горди на вашиот личен придонес. Денес е вистинскиот ден за Стрелците, сторете сé што е најдобро и работете.

Љубов

Фокусирајте ги вашите мисли и чувства кон саканата личност и очекувајте прекрасна вечер. Ќе бидете исполнети со прекрасни чувства. Слободните Стрелци треба да го поминат денот со пријателите.

Здравје

Започнете со физички активности.

Јарец

Работа

Имате лошо претчувство за проценка на деловните можности. Дискусијата со вашиот колега ќе биде неизбежна, а совет е да се држите до аргументите и само до аргументите. Не паѓајте во оган.

Љубов

Искрено искажете ги своите чувства кон саканаталичност. Обидете се да ги усогласите вашите заеднички желби и потреби. Поминете убава вечер заедно.

Здравје

Се чувствувате уморни.

Водолија

Работа

Вие сте инспирирани од креативни идеи и на соработниците им укажувате на корисно решение. Важно ви е да бидат прифатени.

Љубов

Некој ви испраќа љубовна порака и директно ви дава до знаење што мисли и чувствува. Вие нема да одолеете. Секој кој има некој близок кон себе, нека го прегрне денес и му покаже колку го сака…

Здравје

Корегирајте ја исхраната

Риби

Работа

Дозволете си одредена количина на препотенција со намера да оставите позитивен впечаток на соработници или вашите претпоставени.

Љубов

Обрнете внимание на личност во знакот Лав и покажете го конечно она што го чувствувате. Немаш што да чекате. Вљубените можат да поминат многу романтична вечер, да играат малку со партнер, ќе ви годи!

Здравје

Можни проблеми со коленото.

Дневен хорскоп

ОВЕН

Очекувајте непредвидени  ситуации кои ќе ви донесат многу стрес и нервоза. Потрудете се да бидете силни и стрпливи. Ако сте во врска, ќе имате некои потешкотии и проблеми во односот со саканата личност. Проблеми со белите дробови.

БИК

Ве очекува период во кој ќе бидете посветени на новите деловни случувања и новите проекти. Денешниот ден ќе биде многу поволен за љубов, со саканата личност ве очекува стабилен однос. Водете сметка за бубрезите.

БЛИЗНАЦИ

Имате доволно среќа на работното место. Ќе успеете да ги остварите плановите кои сте ги имале од претходно. Можеби ќе имате ново познанство со личност која ќе покаже интерес кон вас. Можна е главоболка.

РАК

Чувствувате дека имате доволно енергија за работа. Пред вас е период во кој ќе започнувате нови проекти. Ќе ве изненади интересот кој ќе го покаже личност од блиското опкружување кон вас. Досега вие сте ја гледале како пријател. Одлично се чувствувате.

ЛАВ

Денес атмосферата на работа ќе биде малку напната. Ќе ви биде потребно време да ги решите сите проблеми. Чувствувате дека се ближи фаза за важни одлуки и сериозни разговори помеѓу вас и саканата личност. Се чувствувате одлично и немате тегоби.

ДЕВИЦА

Ќе ги постигнете резултатите кои ги посакувате на деловно поле и ќе бидете задоволни со нив. Ви претстои интересен разговор со личноста која ви се допаѓа. Подготвени сте вашата врска да добие нов правец. Имате многу енергија.

ВАГА

Ве очекува еден позитивен ден на работно поле. Може да се надевате на добри околности. Можно е да запознаете личност која ќе ви пружи многу љубов и внимание. Одлично сте расположени.

ШКОРПИЈА

Доколку се одлучите да ја менувате работата, денес би можело да ви се укаже нова можност за тоа. Денес чувствувате некое нетрпение во односот со саканата личност. Тензијата ви е над глава. Потребна ви е физичка активност.

СТРЕЛЕЦ

Ако сакате да ја задржите работата, мора да промените некои лоши шаблони кои ви ги замеруваат. На вашата врска и е неопходна некоја промена на емотивен план. Кожата ви е осетлива.

ЈАРЕЦ

Иако се чини дека околностите може да бидат многу тешки сепак сте подготвени да се обидете да успеете во приватен бизнис. Можно е да сте прилично загрижени за случувањата и затоа немате доволно мотивација. Здравјето е сѐ подобро.

ВОДОЛИЈА

Доколку имате желба да ја промените работата, ве очекува остварување на нов контакт кој ќе ви помогне околу тоа. Подготвени сте да ги покажете своите емоции и да се препуштите на уживањето на полето на емоциите. Одлична состојба.

РИБИ

Денес кај вас ќе биде нагласена креативноста. Може да очекувате позитивни случувања на работа. Доколку сте во брак, пред вас е фаза во која интензивно ќе размислувате за деца. Проблеми со органите за варење.

Овие три хороскопски знаци ќе ја пронајдат љубовта оваа есен

Со завршувањето на летото, сигурно се прашувате дали можеби есента ќе ви донесе среќа во љубовниот живот.

Иако астрологијата не може совршено да предвиди кога ќе ја сретнете личноста од соништата, според неа следниве три хороскопски знаци ќе пронајдат љубов оваа есен.

Овен

Кога ќе заврши ретроградното движење на Венера на 16-ти ноември, во вашата седма куќа на врските ќе има вистински оган.

Можеби универзумот ќе ви помогне да најдете личност која целосно ќе ве разбира.

Но имајте на ум дека ако се менувате за да ја импресионирате погрешната личност, можете да ја испуштите вистинската.

Не заборавајте дека вистинскиот партнер ќе ве забележи само кога навистина ќе се прифатите.

Шкорпија

Бидејќи Венера ќе ја помине првата половина од ретроградното движење во вашиот знак, есента ќе биде одличен период за вашиот љубовен живот.

По 2-ри декември очекувајте одличен крај на есента, особено кога станува збор за личност што навистина ви се допаѓа.

Ќе зрачите со привлечна енергија и нема личност што нема да ве забележи. Немојте да бидете изненадени ако постојано добивате покани за состанок.

Вага

Венера ќе се врати во Вага на 31-ви октомври, па ќе се фокусира само на вас.Вашиот љубовен живот целосно ќе се преврти, но ќе откриете многу вистини.

Ве очекува навистина добар период. По 16-ти ноември очекувајте одлични промени.Ќе се подобрат вашите самодоверба, харизма и привлечност.

Не само што ќе бидете најатрактивната личност каде и да одите, туку ќе имате многу мудрост за љубовта што ќе ве води низ овој романтичен период.

За овие шест работи богатите никогаш не трошат многу пари

Луѓето кои умеат со пари обично не се големи потрошувачи и не купуваат најнови модели на автомобили, не трошат пари за најнови модни парчиња и не набавуваат најнова технологија, пишува Business Insider. Тие многу рационално ги трошат парите.

Не мора да бидете богат за да знаете добро да располагате со пари. Да умеете со парите значи да имате добри навики, а не високи приходи. Луѓето кои добро располагаат со парите бараат начин да живеат според нивните можности и да трошат помалку од тоа што треба.

Business Insider на едно место собра неколку корисни совети од експерти и луѓе кои се богати и кои умеат со парите.

Не купуваат нови автомобили

„Личноста која има неколку стотици илјади долари во банка или е милионер ќе вози автомобил стар 5 или 10 години“, вели Линет Калфан Кокс, експерт за финансии.

Стивен Џон, соработник на Business Insider, вели дека новиот автомобил губи 10% од вредноста во првиот месец и 20% од вредноста во првата година од купувањето. Некој кој умее добро да располага со парите нема да преземе таков ризик.

Не купуваат скапи недвижнини

Луѓето кои добро се снаоѓаат со пари не сакаат да потрошат повеќе отколку што можат да си дозволат кога станува збор за купување куќа или друга недвижнина. Знаат дека најдобро е да го купат тоа што можат да си го дозволат.

Не купуваат работи на рати

Без разлика дали станува збор за купување од 2.000 долари или 20 долари, оние кои добро заработуваат нема да купуваат на рати туку ќе платат со готовина. Доколку состојбата на вашата кредитна картичка значи дека секој месец ќе се наплаќа камата, а ниту тоа нема да биде евтино, на крајот каматните стапки може да изнесуваат дури 25 проценти и повеќе.

Не купуваат брендови и скапа облека

Оние кои добро се снаоѓаат со пари помалку се заинтересирани за брендови и марки на облека.

„Скапата облека повеќе не е заштитен знак на богаташите, особено во САД. Наместо материјални работи богаташите денеска одлучуваат да ги потрошат парите на приватни и ексклузивни велнес и фитнес третмани и вложуваат во образование наместо во купување дизајнерски предмети“, вели Хилари Хофовер од Business Insider.

Квалитет пред квантитет

Оние кои добро умеат со пари не ги полнат шкафовите со облека која моментално е во тренд, но не купуваат и евтини работи кои не се квалитетни. Парите ги вложуваат во работи кои траат.

Не планираат раскошни и скапи венчавки

Секој кој планира свадба знае колку пари се потребни. Но, оние кои умеат со парите не планираат да потрошат многу пари на нивната свадбена церемонија, туку онолку колку што треба.

Популарно