Од бездомник до милионер за 15 години!

Понекогаш не знаете кој е вашиот повик сè додека не ве пронајде. Барем ова бил случајот со Ерик Вајт, 33-годишниот сопственик на фирмата Zydeco Construction. Поранешниот бездомник сега има компанија која гради плажи во дворовите на луѓето, а тој заработува милиони од ова.

Кога имал 15 години, Ерик бил бездомник околу 8 месеци.

„Додека растев нештата не беа едноставни за мене.“

Тој се отпишал од училиште во деветто одделение и знаел да чита само колку второодделенец.

„Едвај можев да си го напишам името.“

И покрај недостигот од образование, тој секогаш сметал дека го разбира градежништвото.

„Знаев дека ако го работам тоа ќе можев навистина да направам нешто.“

На почетокот работел за локална градежна компанија само колку да може да си ги плати сметките. Но, подоцна слушнал за работна позиција која плаќала 10 евра на час.

„Човекот за којшто работев ме надгледуваше и ме научи за компанијата. За 6 месеци бев менаџер на тимот.“

Амбициозниот Ерик продолжил да си го поплочува патот во разни градежни компании, Со тек на времето започнал и своја компанија – бизнис за базени.

„Тој бизнис одеше навистина добро и минатата година го продадов за над милион евра.“

Неговиот следен подвиг бил компанијата Zydeco Construction. Компанијата гради езерца кои изгледаат како плажи и се опкружени со песок. Секое езерце има свои додатоци вклучувајќи кујна, чадори и мрежи за одбојка. 33-годишниот маж смета дека само небото е граница кога станува збор за создавање на плажата од соништата. Ерик ја разгледал неговата визија од секој агол.

„Со години си мислев што ако некој најде начин да го претвори езерцето во рај. Истражував многу и целото знаење го применив за изградба на овие плажи.“

„Отсекогаш ми било сон да ги правам овие работи. Сакам да најдам начин како да направам нешто. Можам да ја разгледам секоја ситуација и да најдам решение. Сакам да бидам на пазарот и да нудам нешто што повеќето компании го немаат.“

Без сомнение, овие езерца се неверојатни. Во просек една ваква плажа чини околу 17.000 евра.

„Секое езерце е прилагодено според местото и муштеријата. Ова не е нешто што може да се направи за еден ден. Овие езерца се плод на вистинска љубов. Правиме нешто различно со секое езерце што го создаваме.“

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

Иако веќе неколку години се зборува да се прекине со оваа пракса на поместување на времето сепак таквите најави не се остварија и затоа летното сметање на времето почнува од вечерва поточно од 2 часот по полноќ.

Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред и времето ќе се смета како од 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.

Популарно