Раста прекинал настап, па сакал да се тепа со момче од публика

Стефан Ѓуриќ Раста гостувал во Подгорица и се било ок додека не го „напнало“ момче од публиката. Наводно дечкото фрлил со метален предмет кон бината, а тоа го налутило Раста кој го прекинал настапот и тргнал да се тепа. 

Обезбедувањето реагирало експресно и ги запрело музичарите. Раста почнал да вика кон момчето да дојде, го нарекувал со погрдни имиња, но, за среќа, поголем инциднет бил спречен. 

Музичарите брзо се вратиле на бината, и по уште само една тема го завршиле настапот. По излегувањето од ВИП ложата Раста и екипата клоцале се пред себе и се гледало дека се бесни. 

ФОТО: Македонката не победи на „Ѕвездите на Франд“, но си фати момче!

Натпреварувачите во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и Александар Маринковиќ Гуте, од неодамна се во врска, пишуваат медиумите. Иако двојката не ја потврди врската, тие постојано објавуваат заеднички слики на социјалните мрежи. Гуте неодамна беше во Скопје и Охрид со Елена, а бидејќи таа живее во Белград, се гледаат и таму.

Елена и Александар се запознаа за време на снимањето на последната сезона од „Ѕвездите на Гранд“. На двајцата ментор им беше Ана Бекута, заради што тие често се дружеа и на снимањата и на пробите и на часовите кај пејачката.

Инаку, Елена уште пред да почне да се натпреварува во популарното шоу се пресели во Белград, велејќи дека сака да направи кариера во Србија. Таа претходно скоро две години беше во врска со Грк кого го запознала на летување во Грција.

ФОТО: Гавазова целосно го промени имиџот

Македонската фолк пејачка Сузана Гавазова, сите ги изненади кога неодамна покажа дека ја бојадисала косата руса, а сега направи поголема промена.

Гавазова не престанува да експериментира, па сега ја скрати косата, направи шишки и ја остави плава.

Популарно