Рашковски: Потивко! Не ни е дозволено да разговараме со „Леонардо“ – правите работи кои се предмет на истрага!

Откако минатата недела, порталот „Експрес“ објави аудио бомба во која се слуша како генсекот на владата Драги Рашковски договара тендер тежок 7 милиони евра за државната компанија М-НАВ и попатно користи расизам – утринава свиркач до редакцијата на „Лидер.ком.мк“ доставил мемориски стик со аудио материјал на кој се содржат нови компромитирачки материјали кои даваат индиции за кршење на закони на Република Македонија и правила на ЕБРД.

Текстот од Лидер.ком.мк ви го презентираме во целост, а видео записот можете да го преслушате во нивата статија.

Поради огромниот јавен интерес и сериозните индиции за кршење на закони на државава но и правила на Европската Банка за Обнова и Развој – доставениот материјал го објавуваме во целост.

Во снимката која беше доставена до нас, освен гласот на Рашковски се слушаат и тогашниот технички директор на М-НАВ Климент Чапуњовски и директорот и претседател на управниот одбор на компанијата Николче Тасески.

Чапуњовски според снимениот материјал, му укажува на Рашковски дека не може да се прави записник за состанокот со компанијата „Леонардо“, затоа што тоа е против правилата на Банката (н.з се мисли на Европската Банка за Обнова и развој – која го финансира проектот). На неговата реакција се надоврзува и директорот Тасески.

– Ние не смееме да разговараме со нив пред да се прати „Letter of Award” (н.з. писмо со кое се потврдува дека компанијата го добила тендерот). – му вели Тасески на Рашковски.

На ова, генсекот на владата, свесен дека е во центарот на нелегална активност, на Тасески му вели.

-Потивко, хахаха!

На прес конференцијата која Рашковски ја одржа во вторникот, откако Експрес го објави првиот дел од разговорот, тој го обвини Чапуњовски дека нелегално го снимил состанокот. Во вториот дел од снимката која ја објавуваме погоре , се слуша како тој пред претставниците на „Леонардо“, им наложува на претставниците на М-НАВ за „три дена“ да ја завршат работата и кршејќи ја одлуката на владата да се распише нов тендер, им наложува да го протне истиот затоа што „така се правело сегде во светот“.

Откако се слуша негодување од страна на Чапуњовски околу постапката и временската рамка, Рашковски со висок тон му вели да не го „дрибла“ и да ја заврши работата.

-Немојте да ме дриблате, и така правите работи кои што се предмет на истрага. – заканувачки им вели Рашковски на Тасески и Чапуњовски, свесен дека постои истрага за тендерот кој пробува да го протне.

На прес конференцијата на која Рашковски беше практично разобличен од новинарите, тој се вадеше дека овој тендер бил доделен од ВМРО-ДПМНЕ, но работите изглегоа спротивни и се потврди дека договорот бил потпишан три месеци по неговата спорна средба. Во исто време, тој „до небо“ се извинуваше за расистичките термини кои ги користи на средбата. Со втората бомба, паѓаат во вода неговите тврдења дека „се е легално“, ако се има предвид дека и самиот знаел дека според правилата тој не смее воопшто да разговара со комнпанијата „Леонардо“, затоа што во моментот на состанокот сеуште тендерот официјално не е добиен.

Во исто време, на прес конференцијата Рашковски истакна дека и покрај тоа што нема надлежност да присуствува и да договара тендер за М-НАВ, тоа го правел затоа што бил задолжен од владата. Како доказ дека му било наложено, на новинарите им достави документ кој е потпишан само од него, но не и записник од седница на владата на кој му се дава таков налог.

По втората аудио-бомба, и понатаму се провлекува прашањето зошто Рашковски вака агресивно инсистирал „за три дена“ да се заврши работата и дали спорните проценти кои се споменуваат во првата бомба се всушност провизија за тендерот? Во исто време, се поставува прашањето дали споменувата провизија е причината поради која Рашковски кршел закони и правила на ЕБРД и се среќавал со „Леонардо“, пред да испрати писмо со кое се потврдува дека компанијата го добила тендерот?

Видеото ТУКА или ТУКА

Пендаровски се заблагодари и на албански до американскиот Сенат

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, упати благодарност до Сенатот на САД за ратификацијата на протоколот за членство на нашата земја во НАТО.

„Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност“, објави шефот на државата.

Пендаровски истото до Вашингтон го напиша и на албански и англиски јазик.

Инаку, вчера „ЗА“ гласаа 84 сенатори, а само двајца сенатори, еден од Јута и еден од Кентаки, се изјасниле негативно, додека не гласале 14.

Европскиот парламент денеска ќе и се извинува на Македонија

Европскиот Парламент денеска во Стразбур повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија, а дебатата ќе се одржи попладнево.

Денеска на дневен ред на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која ќе се изјасни дека Скопје и Тирана треба да ги започнат пристапните преговори со Унијата.

Вонредната резолуција доаѓа откако ЕУ не успеа да постигне консензус на последниот самит, пред сѐ поради противењето на Франција.

Предвидено е ЕП да изрази жалење поради одлуката на земјите членки да го блокираат стартот на преговори со двете земји. Во верзијата на Социјалдемократската група се критикува „улогата на претседателот на Франција и други земји членки во овој поглед”.

Пратениците се очекува да им посочат на земјите членки дека Советот треба да понесе одговорност за одлуката, да се однесува согласно сопствените заложби и да се држи до принципот на сопствени заслуги во оценувањето на земјите кандидати.

Предложените амандмани предвидуваат да ја поздрават „одлучноста на Северна Македонија да продолжи да напредува во реформската ЕУ агенда” како и силно да ја пофали „позитивна дипломатија на Северна Македонија”, посебно во однос на билатералните договори со Грција и Бугарија. 

За ова прашање се очекува повторно да се разговара во Рим во ноември, а одлуката да биде преиспитана следната година во мај на Самитот во Загреб.

Заев: Јас сум првиот што сака Груевски да ја одлежи казната

Премиерот Зоран Заев вечерва во гостувањето на ТВ24 истакна дека во моментот кога Груевски избегал бил слободен човек.

„Човек што е слободен, во секоја земја може да ја напушти државата. Тогаш се истражува, не сега. Човекот фатил границата кон Албанија и во тој момент бил слободен. Јас сум првиот што сака Груевски да си ја одлежи казната за пример дека има казна“, рече Заев.

Популарно