ВИДЕО: Погледнете го замокот каде живее Рожер Федерер

Еден од најдоборите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер за место на живеење го избра селото Ловро во родната Швaјцарија. Се прашувате зошто се одлучил да живее на село?

Одговорот е едноставен, а тоа поради ниските даноци во ова место. Федерер тука живее во вистински стаклен дворец кој е изграден во хармонија со природата.

Погледнете, ќе се воодушевите од овој рај на Циришкото езеро.

Видео: Старата дама „го зема“ најдоброто

Еден од најдобрите млади фудбалери во светот Матијас Де Лихт е на медицински прегледи во Торино откако вчера со приватен авион пристигна во Италија на потпис со шампионот во калчото.

Рекорден е трансферот за еден дефанзивец во Европа која има само 19 години и изнесува неверојатни 75 милиони евра.

Де Лихт ги мина лекарските прегледи во еуфорична атмосфера пред ноколку стиотина навивачи на „старата дама“.

(ВИДЕО) Ѓоковиќ по триумфот на Вимблдон: Ја прифаќам поканата и доаѓам во Македонија

Прашан дали вечерва ќе се слави слично како по победата над Полјакот Хуркач, и може ли да се очекува повторно да запее некоја македонска песна и да ги поздрави неговите навивачи во Македонија, Ноле одговори:

“Многу поздрави до Македонија, до Скопје! Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот Невен, тој беше соучесник на таа забава, кога пеевме после победата против Хуркач. Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада.

Запрашан од известувачот на Макфакс дали ја видел јавната покана упатена од премиерот на државата Зоран Заев да ја посети Македонија, Ѓоковиќ рече:

“Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи Охрид морам да го видам” – порача вимблдонскиот шампион.

ФОТО: Српскиот кошаркар со хеликоптер пренесен во болница

Ситуацијата со српскиот репрезентативен центар Огнен Кузмиќ по тешката сообраќајна несреќа во Бања Лука утрово не е нималку наивна.

Кузмиќ кој беше во клиничкиот центар во Бања Лука поради сериозноста на повредите и во трка со времето, итно со хеликоптер Ургентниот центар во Белград.

Сообраќајната несреќа се случила утрово кога Кузмиќ со своето порше во кое бил и негов пријател се судрил со автомобил БМВ во кое биле двајца жители на Приедор.

Првичните информации велат дека Кузмиќ е во кома, има скршена долна и горна вилица и други повреди на главата.

Популарно