Видео: Снаодлива новинарка

Видео на Твитер споделено од една новинарка станала хит на социјалните мрежи откако таа со елегантен потег спречила постар маж да ѝ влезе во кадар додека известувала за несреќа.

Дарла Мајлс од њујоршката телевизија “ABC7” само ја работела својата работа – таа известувала пред Пристанишната управа на Њујорк за несреќата која се случила во Њу Џерси. 

“Ќе има голем метеж додека не се заврши целата ситуација”, говорела Мајлс. Но, во тој момент еден маж почнал да оди кон неа, но таа не му дозволила да се испречи помеѓу неа и камерата.

Раката на новинарката била брза и ефикасна, а корисниците на социјалните мрежи се воодушевени од нејзината професионалност. Многумина забележале дека таа дури не ни погледнала во неговиот правец, а своето известување не го запрела ни на секунда.

“Обидете се да бидете добри во сè што правите како Дарла Мајлс”, напишал еден корисник на Твитер. “Таа го видела мажот без да се сврти”, додал друг.

Дневен хороскоп

ОВЕН

Ве очекуваат нови работни обврски кои ќе мора да ги завршите во краток рок. Важна е добрата организација. Емотивно сте стабилни и задоволни сте од односот кој го имате со саканата личност. Добро би ви дошло дружење со пријателите.

БИК

Ќе бидете максимално посветени на работните обврски бидејќи сакате да напредувате на ова поле. Можно е да сте срамежливи на некој начин и не ви е лесно да ги покажете своите емоции кон саканата личност. Минлива главоболка.

БЛИЗНАЦИ

Во текот на денешниот ден може да очекувате многу статична ситуација на работа, без промени. Искористете ја можноста да ја освоите својата симпатија. Денешниот ден е многу поволен за љубов. Внесувајте магнезиум.

РАК

Нема да ви биде тешко да се организирате на работното место бидејќи и соработниците многу ви помагаат околу тоа. Ве очекува многу интересно познанство кое подоцна може да се претвори во емотивна врска. Помала вкочанетост во грбот.

ЛАВ

Ве очекува добар период за деловни промени. Доаѓаат моменти за одлуки. Може да очекувате поволен ден за односот со саканата личност. Слободните Лавови сѐ уште се осамени. Одлично здравје.

ДЕВИЦА

Имате многу деловни обврски, но подготвени сте да им се посветите бидејќи е важно да се докажете на ова поле. Задоволни сте од својот брак и односот кој го имате со партнерот. Наскоро планирате деца. Проблеми со крвната слика.

ВАГА

Поволен ден за работа. Може да очекувате дека ќе добиете некои убави вести кои ќе ви бидат од особено значење. Доколку постои личност која ви се допаѓа, треба да бидете свесни дека и вие и се допаѓате неа. Без проблеми на здравствено поле.

СКОРПИЈА

Подготвени сте да се впуштите во нови деловни проекти кои ќе ви донесат одлични резултати на долги стази. Ве очекува можност за разговор со саканата личност на тема заедничка иднина. Внимавајте што јадете.

СТРЕЛЕЦ

Имате мотивација и подготвени сте да се посветите на својата работа. Може да очекувате дека сѐ ќе биде како што треба. Пред вас е фаза во која многу лесно ќе ги покажувате своите емоции и партнерот ќе ужива покрај вас. Главоболка.

ЈАРЕЦ

Значајна финансиска добивка ќе ви го поправи расположението, среќата е денес на ваша страна. Можно е да дојде до кавга во бракот која никако не можете да ја надминете. Проверете ги хормоните.

ВОДОЛИЈА

Имате големи очекувања на деловно поле и многу ви е важно да реализирате одреден успех. На саканата личност искрено и давате до знаење какви се вашите намери и не планирате да отстапите од нив. Можна е вртоглавица.

РИБИ

Трудете се да им покажете на претпоставените дека сте подготвени да се посветите на работата и да ги докажете своите способности. Ви се допаѓа личност која сѐ уште не ја познавате добро, но нејзината енергија многу ве привлекува. Добро се чувствувате.

Не ја користете оваа апликација на Фејсбук

На социјалната мрежа Фејсбук деновиве кружи  апликацијата FaceApp која користејќи ваша сегашна фотографија и вештачка интелигенција создава фотографија која покажува како би изгледали на возрасни години.

Она што не го знаат корисниците е следното: Со самото инсталирање и активирање на апликацијата таа може да пристапи до вашите фотографии, да ги зачува и да користи фотографиите од вашата галерија, без ваша дозвола!

Дополнително, за да ја создаде вашата фотографија на постара возраст, вие дозволувате на апликацијата правата таа да ја поседува вашата фотографија, да ја објави и да ја користи во целиот медиумски простост без вие да имате право да се противите или забранувате.

Виртуалниот трент кој овие денове кружи по социјалните мрежи е апликацијата FaceApp која користејќи ваша сегашна фотографија и вештачка интелигенција создава фотографија која покажува како би изгледали на возрасни години.

Она што не го знаат корисниците е следното: Со самото инсталирање и активирање на апликацијата таа може да пристапи до вашите фотографии, да ги зачува и да користи фотографиите од вашата галерија, без ваша дозвола!

Дополнително, за да ја создаде вашата фотографија на постара возраст, вие дозволувате на апликацијата правата таа да ја поседува вашата фотографија, да ја објави и да ја користи во целиот медиумски простост без вие да имате право да се противите или забранувате.

Брена нема „насит“

Пред некој месец Брена доби внуче од синот Филип и Александра, меѓутоа тоа не и е доволно на Брена. Таа му поставила ултиматум на синот Стефан.  Имено, Стефан неодамна си купил свој стан и решил да живее во свој дом, сам. Е токму отплаќањето на ратите за станот ја инспирирале Брена да му постави ултиматум. 

„Неодамна му рече дека му е подобро да се ожени и да направи дете ако сака да му помогне околу исплатата на кредитот за станот. Што се вели го уцени, но Стефан не се змаорува многу со тоа  затоа што знае дека Брена само се шегува со неа“, открил извор близок до семејството Живојиновиќ.

Популарно