ВИДЕО: Македонецот растури во Грција

Најпознатиот македонски „битбоксер“, Мартин Буцо Атанасовски го покажа својот талент и покрај морето во Грција. 

Вака звучи Буцо покрај брановите:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Мартин Буцо Атанасовски (@buco_beatbox) on

Тијана Дапчевиќ со неверојатна стилска трансформација се појави во „Ѕвездите на Гранд“ и ги остави сите со подотворена уста!

Според правилата на новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, како дел од жирито, покрај стандардните членови се појавуваат и гости кои ги оценуваат настапите на натпреварувачите.

Таа улога овој пат и припадна на Тијана Дапчевиќ која за оваа прилика реши да направи драстична стилска трансформација за која претходно се подготвуваше.

Имено, таа пред присутните се појави со руса перика во розова нијанса, а згора на тоа имаше и леќи во боја кои направија да има сини очи. Необичниот шарен женски костум, манекенскиот став, периката и бојата на очите, нежната шминка, направија Тијана да изгледа тотално поразлично.

Не се сомневаме дека таму ги оставила сите во чудење, а истата реакција ја предизвика и кај следбениците на Инстаграм, а особено изненадена беше нејзината сестра Тамара Тодевска.

Мора да признете дека Тијана изгледа одлично!

Фронтменот на рок-групата „Карс“ пронајден мpтoв

Фронтменот на рок-групата „Карс“, Рик Окасек беше пронајден мpтoв во стан во Њујорк. Полицијата вчера соопшти дека властите рeaгирале на повик на телефонот 911, па кај 75-годишниот пејач само била кoнстатирана cмpт.

Нема знаци на нacилcтво и нaпaд. Причината за cмpттa на рокерот ќе биде утвpдена по oбдyкцијaта.

Меѓу најпознатите хитови на „Карс“ од крајот на 1970-тите и 80-тите, се „ Just What I Needed“, „Shake it Up“ и „Drive“.

Бендот лани беше поставен и во Рок-ен-рол салата на славните. (МИА)

Популарно