Три години живеела во куќа со телото на мpтвата мајка

Жена од Тексас е уапсена откако полицијата откри дека ги држела посмртните останки од својата мајка во куќа во која живее со ќерката.

Полицијата верува дека 71-годишната баба чие тело е пронајдено, се повредила 2016 година кога паднала во куќата.

Исто така се сомневаат дека нејзината 47-годишна ќерка не и прижила помош, па несреќната жена починала во рок од неколку дена од компликации од повредите кои воопшто не биле опасни по живот, пишува Би Би Си.

Коските од починатата жена се најдени на подот од спалната соба. Нејзината ќерка убиец со својата ќерка спиела во другата соба.

Внуката имала помалку од 15 години додека живеела покрај коските на својата баба, па мајката и е обвинета за „повреда на правата на дете помладо од 15 години“. Сега девојчето е предадено на роднини да се грижат за него, а на нејзината мајка и се заканува затворска казна како и парична во висина од 10.000 долари.

Во полицискиот извештај стои дека починатата жена била истакната припадничка на локалната заедница која 35 години работела како секретарка и помошник во наставата во локалното училиште.

ВИДЕО: Нова бура во Грција - забележани повеќе од 3.500 громови

Повеќе од десетина луѓе се евакуирани во западна Грција.

Поплавите ги оштетиле патиштата недалеку од градот Нафпактос и Патре, но немало повредени ни исчезнати.

Забележани се повеќе од 32.500 громови, главно во северниот и централниот дел на Грција. Бројни куќи и продавници се поплавени, велат надлежните.

Силните бури не се вообичаени во Грција.

Да потсетиме, во силно невреме, кое на 11. јули го погоди полуостровот Халкдики загинаа 7 лица, додека повеќе од 100 се повредени

Соседите слушнале дека вреска, па настанал молк

38-годишната Санела Кадриќ, самохрана мајка на малолетно девојче, починала откако била касната од инсект додека собирала алишта.

Трагедијата се случила во петокот во 14 часот, кога Санела од Лесковац собирала алишта од жица во семејната куќа.

-Слушнав дека вреска, па настана молк. Не сфатив што се случи. После неколку минути се вратив од продавница и слушнав дека починала. Ужас! Во овој крај вакво нешто не се случило - рекол сосед и додал дека претпоставува дека стршленот се сокрил во алиштата и така успеал да ја касне.

Бидете секогаш внимателни при казнување од стрешлен, не го игнорирајте каснувањето иако немате симптоми, затоа што може да се јават и после неколку часа и да доведат до смрт.

Србинка оживеа жена која модра ја извадија од грчкото море

Лаборантот од Крагуевац, Весна Радовановиќ на островот Евија спаси една грчка баба од давење. Несреќната жена била извадена од морето, модра во лицето и речиси без знаци на живот.

- Видов во плиткото дека е извадена жена во години која беше модра во устата. Ги замолив луѓето што се обидуваа да и помогнат да се тргнат, а жената ја превртев на страна за да и се ослободат дишните патишта а истовремено и ја извадив и забната протезе. По стандардната процедура почнав да и го притискам горниот дел од стомакот, за да ја извадам водата која ја проголтала. Наеднаш жената почна повторно да диши, помодрените усни почнаа да ја менуваат бојата, што значеше дека нивотo на кислород во телото на жената се подига. Набргу стигна Брзата помош и бабата беше однесена во болница во стабилна состојба. Верувам дека ќе биде добро – изјавила Весна и додала:

Утре ми е роденден, а спасување на еден туѓ живот за мене е најголем подарок.

Популарно