Лејди Гага и Бредли Купер планираат раскошна венчавка

Не престануваат приказните за љубовната афера меѓу Лејди Гага и Бредли Купер.

Пред некое време во медиумите се појавија вести дека Ирина Шајк и Бредли Купер ја раскинале свршувачката, а Ирина се иселила од заедничкиот дом во Њујорк.

Како причина за нивно раскинување се наведува дека е Лејди Гага која наводно има нешто со Купер.

Во медиумите деновиве се шпекулира дека наводно Лејди Гага почнала да се вселува во домот на Купер во Њујорк кој вреди 13,5 милиони долари.

Сега кога заврши врската на Ирина, Гага нема да дозволи Купер да и избега. Дури внесе дел од нејзините работи од нејзиниот дом, изјави извор близок на парот за магазинот „In touch“.

Исто така се шпекулира дека парот планира и венчавка која ќе биде голема и раскошна.

ФОТО: Поранешниот холивудски секс-симбол денес непрепознатлив на улица

Актерот Ник Нолти (78), кој има снимено повеќе од 50 филма во својата кариера и дури трипати беше номиниран за „Оскар“, денес изгледа непрепознатливо. Во младоста го сметаа за секс-симбол на Холивуд, а по него воздивнуваа жени од целиот свет.

Но, оттогаш поминаа децении, а Нолти веќе не е она што беше. Напротив, камерите го фатија во едно сосем поинакво издание – долгата бела брада, неуредната коса и немарното облекување го трансформираа Нолти, па денес малкумина би го препознале.

Нолти ја почна својата кариера во театарот, но набргу се префрли на филмското платно, кое му обезбеди планетарна популарност. Покрај актерството, тој е познат и по својот турбулентен приватен живот, кој се карактеризира со борба против зависности и со многубројни неуспешни љубовни врски.

Нолти се женеше четирипати и има две деца. Тој неколкупати е прогласуван за најпосакуван маж на светот.

ФОТО: Тимберлејк проговори за неверството

Пејачот Џастин Тимберлејк се огласил првпат откако во јавноста се појавија фотографии на кое е премногу близок со актерката Алиша Вејнврајт и наводно дека ја изневерил сопругата Цесика Бил со која со години била во складен брак.

Имено, пејачката неодамна бил фотографиран со колешката Алиша Вејнврајт за време на паузата на снимањето на филм во Њу Орлеанс, а на фотографиите се гледа дека разменуваат нежности.

Тие поминале околу 40 минути на тераса во ресторан, а светот го преплавиле фотографии на кои се држат за рака. На крајот излегле од ресторанот на задниот излез, трудејќи се дека никој не ги забележал, пренеле странските медиуми.

Пејачот се огласил на Инстаграм каде се објаснил:

„Се трудам да бидам што подалеку од трачеви, но поради моето семејство, чувствувам дека е важно да одговарам на неодамнешните шпекулации кои ги повредиле луѓето кои ги сакам Пред неколку недели направив непростлива грешка - но нека биде јасно, ништо не се случи меѓу мене и мојата колешка. Испив многу таа ноќ и се каам поради своето однесување. Требаше да знам. Ова не е пример кој сакам да го дадам на својот син. Ѝ се извинувам на својата неверојатна сопруга и семејството затоа што поминавме низ така срамна ситуација, а ќе бидам фокусиран да бидам најдобар сопруг и татко“, напишал Тимберлејк.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Justin Timberlake (@justintimberlake) on

ФОТО+ВИДЕО: Цел свет го слушна нејзиниот ангелски глас, но никој не ја виде нејзината убавина

Бенедета Карета е мистериозната и провокативна „сињорита“, чиј глас го слушна целиот свет, но немаше можност да ја види нејзината убавина.

Убавата Италијанка е позната по тоа што во видеата со поранешниот свршеник на пејачката Јелена Розга, Стјепан Хаусер, објавува само дел од своето лице.

Инаку, парот стана познат по ваквите изведби откако објавија видео со преработка на песната „синорита“, а истата има милионски прегледи.Но, не само што пее преубаво, туку Бенедета и изгледа така.

Популарно