Фејсбук „паѓа“ ама не во сите земји

Денеска повторно корисниците на социјалната мрежа Фејсбук имаа сериозни потешкотии во користењето на оваа апликација.

Според податоците нашата земја е  меѓу земјите кои беа „зафатени“  од проблемот и дел од корисниците воопшто не можат да пристапат на своите профили.

Од специјалните сервиси кои ги следат процесите на интернет може да се види дека Фејсбук има блокада во Југоисточна Европа, Ирак, Иран, Либан, Сирија и други земји на Блискиот Исток.

Од регионот на поранешна Југославија само Словенија е поштедена од сериозни проблеми на социјалната мрежа.

Ова се најглупавите изговори на мажите

Малку нешта се полоши од тоа партнерот да ве изневери. Сепак, земајќи ги предвид оправдувањата на виновниците за неверството, токму оправдувањата можат да бидат уште полоши. Подобро да си премолчеле.

„Ме изневери бидејќи мислел дека ми треба траума за развој на мојот карактер. Не се шегувам, беше писател.“

„Ти пречи кога одам бос по улици, неа не ѝ пречеше.“

„Ме изневерил бидејќи сум дошла дома нерасположена, бидејќи сум била во друга држава, бидејќи бил пијан, а омилено ми е тоа што не сакал да ме буди.“

„Кога го нападнав бидејќи спиеше со моја колешка, ми рече дека таа го научила многу работи.“

„Рече дека заборавил дека сме во врска.“

„Сум била премногу окупирана со нашата венчавка, па не сум му посветувала доволно време.“

„Не ме обвинуваше мене. Тврдеше дека имал срцев удар и дека таа ноќ ја поминал во болница.“

„Друга девојка му го платила сендвичот, па морал да ѝ се оддолжи некако.“

„Мислел дека, кога веќе му го проверувам телефонот, би било добро и нешто да најдам во него.“

„Ми рече дека му е прелесно да ме сака. И понатаму не разбирам што мислеше.“

„Ми рече дека Бог му рекол да ме изневери, па мислел дека тоа му е судбината.“

„Рече: 'Не знаев како да ти кажам дека треба да прекинеме.'“

„Ѝ лајкуваше на моја пријателка на Тиндер и ѝ испрати порака. Не знаел дека ми е пријателка. Кога го прашав за тоа, рече дека го хакирале. Неговата локација и биографија на Тиндер беа точни и го прашав како тоа. 'Не знам како го прават тоа хакерите, Мариса', одговори.“

„Девојката ми е истоименичка и во ист ден нѝ е роденден. Ми рече дека го потсетува на мене. Не ве лажам.“

Таа веќе долги години се бори со ракот на кој не му се предава

Актерката Оливија Њутн Џон во ноември ја продаде и мораше да се “раздели” од својата сакана кожна јакна од филмот “Брилијантин” која го одбележа нејзиниот лик Сенди, но сега во ормарот таа повторно го поседува омиленото парче облека.

Имено, купувачот кој на аукција минатиот месец ја купил црната кожна јакна, одлучил да ѝ ја врати на Оливија. 

Таа веќе долги години се бори со ракот на кој не му се предава, а во ноември минатата година, опасната болест повторно се вратила по трет пат. Тогаш актерката раскажала дека не сака да знае уште колку време ѝ преостанува и дека шансите за лекување се мали. Поради тоа, Њутн Џон кон почетокот на ноември одлучила да организира аукција на која ќе продава предмети од својата долгогодишна кариера за да собере пари за лекување од ракот. На аукцијата, помеѓу 500-те одбрани предмети се нашла и кожната јакна која таа ја носеше во “Брилијантин”, а нејзината почетна цена била 200.000 долари.

“Воопшто не сум тажна и ќе се разделам од тие работи. Тоа се само предмети и се обидувам да не се врзувам за нив. Ќе ги задржам во сеќавањето убавите спомени и фотографиите”, изјавила актерката во таа прилика.

Но, анонимниот купувач ја развеселил 71-годишната Оливија така што ѝ ја подарил назад нејзината јакна и донирал дополнителни 185.000 фунти во центарот за лекување на рак во Австралија, кој таа го отворила во 1992 година кога за првпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка.

“Јакната не би требало да биде во ормарот на некој милијардер кој само би се фалел со неа”, изјавил купувачот.

Инаку, јакната и црните панталони кои Оливија ги носеше во текот на дуетот со Траволта во песната “You’re The One That I Want” се продавале посебно, достигнувајќи двојно повисока цена од очекуваната.

Во детали го ископира познатиот тенисер Роџер Федерер

Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер е инспирација за многу деца ширум светот. Сега се чини доби наследник, и тоа во далечната Јапонија.

Швајцарецот со години е инспирација за новите генерации тенисери, а неговата грандиозна кариера очигледно има влијание и во Јапонија.

Малиот 6-годишен Јапонец Јуносуке стана хит на социјалните мрежи имитирајќи ги потезите на својот идол. Неверојатно е како успеал да ги ископира потезите на Федерер до најситен детаљ.

Неговиот татко го споделил видеото со јавноста, а на него се гледа дека можеби е роден следниот најдобар тенисер на светот.

Популарно