Брена нема „насит“

Пред некој месец Брена доби внуче од синот Филип и Александра, меѓутоа тоа не и е доволно на Брена. Таа му поставила ултиматум на синот Стефан.  Имено, Стефан неодамна си купил свој стан и решил да живее во свој дом, сам. Е токму отплаќањето на ратите за станот ја инспирирале Брена да му постави ултиматум. 

„Неодамна му рече дека му е подобро да се ожени и да направи дете ако сака да му помогне околу исплатата на кредитот за станот. Што се вели го уцени, но Стефан не се змаорува многу со тоа  затоа што знае дека Брена само се шегува со неа“, открил извор близок до семејството Живојиновиќ.

Нејзината средба со тотален странец насмеала повеќе од 45 милиони гледачи

Мери Кетрин Бексторм објавила видео на својот Фејсбук профил во кое ја раскажува својата празнична авантура, која ненамерно сама си ја приредила, а досега насмеала повеќе од 45 милиони гледачи.

Во видеото во кое ниту таа не можела да ја совлада смеата, раскажува како влегла во продавница додека ги чекала своите деца за да го потроши времето и да пренесе празнично расположение. 

Мери забележала една жена како купува газиран пијалак и одлучила да ѝ го плати, а овој мал гест ја расположил и неа и непознатата жена. Кога се вратила до својот автомобил, забележала непознат маж како ѝ го чисти ветробранското стакло, што дополнително ја разнежнило. Поради тоа, таа го прегрнала човекот и му се заблагодарила на гестот, но потоа сфатила дека тоа не е нејзиниот автомобил и дека мажот едноставно си го чистел својот автомобил.

Мери од непријатност брзо побегнала во својот автомобил и заминала на друго паркинг место, на кое го снимила видеото во кое ја раскажува целата ситуација. Урнебесната приказна досега ја погледнале повеќе од 45 милиони луѓе.

Ова се најглупавите изговори на мажите

Малку нешта се полоши од тоа партнерот да ве изневери. Сепак, земајќи ги предвид оправдувањата на виновниците за неверството, токму оправдувањата можат да бидат уште полоши. Подобро да си премолчеле.

„Ме изневери бидејќи мислел дека ми треба траума за развој на мојот карактер. Не се шегувам, беше писател.“

„Ти пречи кога одам бос по улици, неа не ѝ пречеше.“

„Ме изневерил бидејќи сум дошла дома нерасположена, бидејќи сум била во друга држава, бидејќи бил пијан, а омилено ми е тоа што не сакал да ме буди.“

„Кога го нападнав бидејќи спиеше со моја колешка, ми рече дека таа го научила многу работи.“

„Рече дека заборавил дека сме во врска.“

„Сум била премногу окупирана со нашата венчавка, па не сум му посветувала доволно време.“

„Не ме обвинуваше мене. Тврдеше дека имал срцев удар и дека таа ноќ ја поминал во болница.“

„Друга девојка му го платила сендвичот, па морал да ѝ се оддолжи некако.“

„Мислел дека, кога веќе му го проверувам телефонот, би било добро и нешто да најдам во него.“

„Ми рече дека му е прелесно да ме сака. И понатаму не разбирам што мислеше.“

„Ми рече дека Бог му рекол да ме изневери, па мислел дека тоа му е судбината.“

„Рече: 'Не знаев како да ти кажам дека треба да прекинеме.'“

„Ѝ лајкуваше на моја пријателка на Тиндер и ѝ испрати порака. Не знаел дека ми е пријателка. Кога го прашав за тоа, рече дека го хакирале. Неговата локација и биографија на Тиндер беа точни и го прашав како тоа. 'Не знам како го прават тоа хакерите, Мариса', одговори.“

„Девојката ми е истоименичка и во ист ден нѝ е роденден. Ми рече дека го потсетува на мене. Не ве лажам.“

Таа веќе долги години се бори со ракот на кој не му се предава

Актерката Оливија Њутн Џон во ноември ја продаде и мораше да се “раздели” од својата сакана кожна јакна од филмот “Брилијантин” која го одбележа нејзиниот лик Сенди, но сега во ормарот таа повторно го поседува омиленото парче облека.

Имено, купувачот кој на аукција минатиот месец ја купил црната кожна јакна, одлучил да ѝ ја врати на Оливија. 

Таа веќе долги години се бори со ракот на кој не му се предава, а во ноември минатата година, опасната болест повторно се вратила по трет пат. Тогаш актерката раскажала дека не сака да знае уште колку време ѝ преостанува и дека шансите за лекување се мали. Поради тоа, Њутн Џон кон почетокот на ноември одлучила да организира аукција на која ќе продава предмети од својата долгогодишна кариера за да собере пари за лекување од ракот. На аукцијата, помеѓу 500-те одбрани предмети се нашла и кожната јакна која таа ја носеше во “Брилијантин”, а нејзината почетна цена била 200.000 долари.

“Воопшто не сум тажна и ќе се разделам од тие работи. Тоа се само предмети и се обидувам да не се врзувам за нив. Ќе ги задржам во сеќавањето убавите спомени и фотографиите”, изјавила актерката во таа прилика.

Но, анонимниот купувач ја развеселил 71-годишната Оливија така што ѝ ја подарил назад нејзината јакна и донирал дополнителни 185.000 фунти во центарот за лекување на рак во Австралија, кој таа го отворила во 1992 година кога за првпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка.

“Јакната не би требало да биде во ормарот на некој милијардер кој само би се фалел со неа”, изјавил купувачот.

Инаку, јакната и црните панталони кои Оливија ги носеше во текот на дуетот со Траволта во песната “You’re The One That I Want” се продавале посебно, достигнувајќи двојно повисока цена од очекуваната.

Популарно