Наредба до војниците на АРМ: Да се отстрани натписот Македонија од униформите

Во гарнизоните на АРМ е дадена наредба да се извади името Македонија од униформите на војниците – тврдат извори од АРМ. Според информациите, минатата недела, по читана наредба на утринската смотра, низ гарнизоните е наредено да се отстрани натписот „Македонија“ кој се наоѓа на левата страна од униформите на војниците.

– Реформите на Радмила Шекеринска се гледаат на дело. Откако беше наредено да се отстрани името Македонија, беше посочено дека доколку не се почитуван наредбата ќе следува парична казна, како и други казнени мерки. Но ова не беше доволно. Откако дел од војниците одбија да ја почитуваат наредбата и не го отстранија натписот, кој е всушност лепенка – чичак трака, следуваше уште една мерка – отстранување на чичак траката од самата униформа со цел војниците да не можат повеќе да ја вратат лепенката со името „Македонија“ на своите униформи – објави Република.

На 3 јули претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски ја потпиша уредбата за ознаките на униформите на Армијата која од тој момент стана Армија на Република Северна Македонија.

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Популарно