Овој хотел нуди бесплатно сместување

Ако ова лето не сакате да уживате покрај плажа и мечтаете за малку поинаков одмор, тогаш ова е текстот за вас.

Патувањата се дефинитивно нешто на што се сеќаваме целиот живот, а доколку истите се на места што досега не сме ги откриле, тогаш уживањето е уште поголемо.

Некогаш едноставно нѝ се потребни барем неколку дена за целосно да ги исчистиме мислите на место каде нема многу бучава и каде целосно можеме да ѝ се предадеме на природата. За ваквите места, најчесто треба да издвоиме поголема сума од нашиот буџет, но пронајдовме еден хотел во Шведска поради кој ќе заштедите многу пари.

Имено, доколку сакате да престојувате во хотелот Белора, нема да платите ништо, а единствениот услов е да не носите мобилен телефон, односно времето поминато со уредот да го сведете на минимум.

Веројатно ова ќе биде тешко бидејќи речиси секој од нас денеска сака да го фотографира секој момент, а доколку се наоѓа на вакво прекрасно место искушението е уште поголемо.

Станува збор за хотел во Гетеборг кој им наплаќа на своите гости зависно од времето поминато на мобилниот телефон, односно секоја една минута чини околу две евра.

Нивната главна цел е со исклучувањето од технологијата, семејствата повторно да можат да се поврзат меѓусебно и да поминат квалитетно задничко време.

Во хотелот има бројни активности, па така никогаш нема да ви биде здодевно, ниту пак да помислите на вашиот телефон и социјалните мрежи.

Пронајдете го хотелот на страните за резервации и закажете го одморот од соништата уште денеска!

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно