Фото: Ќерката на премиерот на свадба со момчето

Александра Заева , не ретко објавува интересни фотографии на својот профил на социјалните мрежи каде ја следат неколку десетици илјади обожаватели.

Ќерката на премиерот на Македонија, Зоран Заев неодамна објави фотографија на која позира во преубав фустан во смарагдно зелена боја, а потоа на социјалните мрежи и во медиумите испловија и фотографии од кои можеме да видиме како изгледаше Александра од глава до пети. Имено, таа ова елегантно издание го носеше на свадбата на свои пријатели, а целото издание го надополни со шик црни сандали и мала чантичка, како и со нејзината преубава пуштена коса.

Александра објави и една заедничка фотографија на Инстаграм

Александра не крие дека е среќно вљубена, па на свадбата покрај невестата и младоженецот позираше и со своето момче, Иван Проданов, со кого беа во ускладено издание.

Тие оставаат впечаток на совршен пар, па на социјалните мрежи им порачаа дека не изгледале никогаш подобро.

Инаку, смарагдните нијанси се популарни веќе неколку сезони и бројни брендови ги имаат на своите полици. Во прашање е боја која им е омилена и на многу познати дами, а доколку не сте ја пробале досега, можеби токму сега е вистинскиот момент тоа да го направите. Но доколку сакате да го усвоите овој тренд, но не се гледате во оваа кралска смарагдна нијанса од глава до пети, тогаш започнете со мали чекори и бирајте детали – оваа боја совршено ќе изгледа и на чанта, чевли или пак само здолниште или блуза во оваа нијанса.

ВИДЕО: Жена сама живее во сибирска шума веќе 75 години

75-годишната Агафја Ликова сигурно е една од најнеобичните жени на светот. Нејзиното 6-члено семејство живеело во сибирска шума 40 години целосно изолирано од другите луѓе, што не биле ниту свесни дека се случила Втората светска војна и дека завршила.

Ви 1978 година ги пронашла група геолози, а единствен последен жив член од семејството е Агфја Ликова родена во 1945 година, а нејзините родители приопаѓале во православна секта староверници, која се одвоила од руската православна црква во 17. век.

Избегале во шума во 1937 година бегајќи од прогон. Целиот живот таа живеела како селанка од 18. век. Денес, иако живее повлечено, многу е позната во медиумите, а неодамна го прослави 75 роденден.

Освен тоа, ја посетиле и припадници на националниот резерват Хакасиј и Роскосмос, руската космос агенција. Како што е наведено ја предупредиле на лансирањето кое ќе се изврши во Бајконуру, космодромот во Казахстан.

Гелери и делови од ракетата би можеле да паднат многу близу до нејзиниот дом, па ѝ било препорачано да се евакуира додека трае опасноста.

-Ракети и претходно паѓаа, што е сега поинаку – ги прашала.

Одбила да го напушти домот, а тоа го сторила само еднаш кога морала да оди во болница поради болки во зглобовите пред три години.

Работници во националниот парк редовно ја посетугваат за да ја прашаат дали ѝ е потребно нешто, а не е реткост и да добие подароци од целиот свет, бидејќи многумина се заинтригирани со нејзината приказна.

ВИДЕО: Каде и да се појави Игор Џамбазов прави огромна забава

Најпознатиот македонски шоумен Игор Џамбазов каде и да се појави, знае да направи огромна забава, смеа за сите и незаборани моменти кои се прераскажуваат со години.

Вицот на Џамбазов за Ицката од Босилово и Моника Белучи е еден од најоргиналните, публиката буквално се газеше од смеење, а Игор беше крајно ладнокрвен.

Ицката од Босилово работи ниви и ниви, само со една цел, да заработи многу и да отиде со Моника Белучи, само на една вечер. Што точно се случува и како завршува овој виц.

Погледнете во видеото:

ФОТО: Ставил кафез на главата,а клучот го има само сопругата

Страсните пушачи кога ќе одлучат да ги фрлат цигарите имаат голем проблем при одвикнувањето.

Користат разни методи, слушаат совети од околината, користат разни апчиња против пуштење, фластери, но кога ништо не помага, пристапуваат кон радикални методи.

Турчин кој се одлучи за радикален метод на одвикнување од пушење стана хит на социјланите мрежи. Тој на себе си стави кафез на глава, а клучот од него го има сопругата. Го отклучува само кога треба да јаде.

Популарно