ФОТО: Тешка сообраќајка кај аеродромот во Охрид

После аеродромот во Охрид, пред селото Мешеишта во моментов има сообраќајна незгода, пишува Фактор.мк

Според фотографиите испратини од читател и според информациите од местото на настанот, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило и моторцикл,пишува порталот.

Повредено е лицето кое било на моторот, но е контактибилно.

Полицијата врши увид на местото на незгодата и го регулира сообраќајот, кој поради несреќата се одвива отежнато.

Целата вест и повеќе фотографии на ФАКТОР.мк

Судијката која му судеше на Заев за Поткуп ќе суди за трагедијата кај Ласкарци

Судијката која му судеше на премиерот Зоран Заев за случајот Поткуп, ќе го води судењето за трагедијата кај Ласкарци на 5 септември годинава.

Диана Груевски Илиевска која му беше заменичка на кспретседателот на Судот Владимир Панчевски и кратко го судеше и Заев, ќе го води рочиштето за автобусот на Дурмо Турс кој излета од патот, а за што има обвинение против вработен во фирмата, возачот и уште три лица, пренесе А1.он.

Загинаа 16 лица, 38 беа повредени.

Почина 15 годишно момче

Петнаесетгодишно дете од кумановското село Љубодраг вчера се удавило во реката Пчиња во селото Шупли Камен.

Несреќата, како што објави Куманово њус, се случила околу 16 часот, кога детето заедно со своите другарчиња влегло да се капи во еден од вировите длабок околу 3,5 метри. Притоа го повлекла водата и пропаднало.

Луѓето кои биле со него се обиделе да го пронајдат, но безуспешно.

Веднаш била известена полицијата која пристигнала и заедно со мештаните ја започнала потрагата.

По еден час било извадено безживотното тело на несреќното момче. Увид на лице место извршила полицијата и јавен обвинител.

ВИДЕО: Родилка koja почина на ГАК минатиот викенд била невеста

Родилка од Македонска Каменица почина вчера наутро на Клиниката за гинекологија и покрај двочасовните обиди за реанимација од страна на лекарите.

Масивна тромб емболија поради што дошло до попуштање на срцето но и белите дробови најверојатно е причината за смртта на 27 годишната жена, која во многу тешка состојба со Брза помош била донесена на ГАК, јави Сител.

-Имала потешкотии со одењето, лесно се заморувала, и тоа 5-6 дена, мисела дека е нормално, беше многу топло а викендот и била невеста и мислеле дека од тоа се заморува, но не било така. Од првичните испитувања најверојатно масивна тромб емболија со декомпензирано срце е причината за смртта, вели др. Викторија Јовановска директор на ГАК.

Се апелира сите трудници за било какви потешкотии и болки да се обратат на лекар.

Популарно