Македонците купуваат на Халкидики

Од 20 евра за метар квадратен земјиште на кое може да се подигне нова градба, до купување на мали хотели – Македонците и оваа година продолжуваат да купуваат имоти на грчкиот Халкидики.

Стевче Јашар го продал својот ресторан во Скопје и 300.000 евра веднаш ги префрлил во Грција за да изгради вила и да започне бизнис со издавање на просториите.

– Во Грција има специјални агенции кои посредуваат за се што сакаш да купиш, а ти само треба да имаш пари. Се нуди градежно земјиште, а може, што секако е уште полесно, да се купи веќе изграден објект. Добриот бизнис е загарантиран и нема шанси да нема побарувачка. Доаѓаат Македонци, Срби, Романци, а секој индивидуално се снаоѓа како ќе ги донесе кај него да престојуваат. Нема никакви пречки да ви се оствари замисленото дури и за државјани со македонски пасош. Ако вложиш над 251.000 евра добиваш грчка лична карта и со неа слободно патуваш во 170 земји во светот – вели Јашар.

Тој, но и агенциите од Македонија, потврдуваат дека може да се купи плац за градба по 20 евра од метар квадратен покрај руралните средини подалеку од плажите, а обично земјиштето чини од 50 до 70 евра по м2.

– Сепак, има критериуми со коефициенти на градба и не може на некој што ќе му дојде на ум да гради и на кој начин ќе гради. Инаку, може да се изгради се – од посебен апартман, мазонети, вили па до хотел – објаснува Јашар.

Во Македонија има околу 30-ина агенции кои продаваат имот на Халкидики а во главно се рекламираат „герилски“ на фејсбук-страници. Поактивни се оние од југоисточниот крај на Македонија, бидејќи се поблиску до Грција и има поголема концентрација на заинтересирани со куповна моќ. Еден таков посредник ни рече дека цените на објектите се најоптимални, бидејќи не постои друго место на кое можеш да купиш толку евтино во близина на атрактивно море, а згора да се одмориш или да заработиш.

– Во последно време во Грција има многумина што заглавија со долгови и имаат проблеми со банките, потребна им е веднаш готовина и може да се начека евтина цена, а единствено се што треба во процедурата е нотар и адвокат. Купениот апартман или куќа може да се користи, на пример 15-ина дена за себе, а потоа може да се издава или да им се отстапи на блиски. Ние нудиме 25 апартмани и куќи, работиме само три месеци и веќе има голем интерес. Цените се движат од 1.100 до 1.500 евра по метар квадратен. Цената е примамлива, а процедурата е едноставна во Грција – ни изјави посредникот.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

Иако веќе неколку години се зборува да се прекине со оваа пракса на поместување на времето сепак таквите најави не се остварија и затоа летното сметање на времето почнува од вечерва поточно од 2 часот по полноќ.

Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред и времето ќе се смета како од 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.

Популарно