Најдобрите методи за зголемување на пeниcoт

Уролозите Марко Одерда и Паоло Гонтеро од Универзитетот во Торино анализирале десет студии, за да откријат кои неинванзивни методи за зголемување на пенисот се најдобри.

После операцијата со која се зголемува пенисот, неретко доаѓа до компликации, а студиите покажаа дека таканаречените пумпи за пенис ја продолжуваат "алатката" за 1,7 сантиметри. Мажие кои ги пробале овие направи велат дека пенисот им е подолг за 1,7 сантиметри, односно 2,3 сантиметри во ерекција.

Исто така, втората студија покажа дека пеноскроталните прстени (кои се ставаат пред постигнување на ерекција) всушност го продолжуваат пенисот и ја продолжуваат ерекцијата. Сепак, бројот на учесници во оваа студија бил мал, поради што научниците велат дека тоа не може да се земе како доказ дека овие прстени навистина го зголемуваат пенисот.

Уролозите Одерда и Гонтеро велат дека без оглед на резултатите од студијата, проблемот кај мажите не лежи во големината на пенисот, туку во главата. Доколку кај некои постојат медицински причини за "средување" на пенисот, докторите велат дека всушност поголемиот дел од мажите едноставно патат од "синдромот на мал пенис" иако имаат "алат" со просечна големина.

Тие нагласуваат дека најверојатно порно филмовите се виновни за тоа што мажите мислат дека имаат мал пенис, иако всушност просечната големина на пенисот е 8,9 сантиметри, односно 14,9 сантиметри во ерекција.

"Според клиничката дефиниција, мал пенис е всушност помал од 4,8 сантиметри, односно помал од 7,6 сантиметри во ерекција", вели урологот Никола Монини.

За тоа колку мажите се всушност преокупирани со големината на пенисот зборува и анкетата која покажа дека 85% од жените се задоволни со големината на пенисот на својот партнер, додека само 55% од мажите сметаат дека имаат доволно голем "алат".

Еве еден тип на жени на кој мажите никако не можат да одолеат

Неоадмнешно истражување спроведено од едно американска страна, дошло до заклучок дека постои ореден тип на жени кои се неодоливи и привлечни на мажите.

Дури 87 проценти од слободните мажите изјавиле дека со задоволство би излегле со жена која е поинтелигентна и пообразована од нив, а исти процент од ажите не би имале ништо против да излезат со жена која заработуа повеќе од нив.

Речиси половина од испитаниците велат дека се во потрага по амбициозни жени кои градат кариера, додека 86 проценти од нив велат дека би сакале да излезат со жена која зрачи со самодоверба.

Ако сте жена и се уште сами, немојте да се плашите, слободно направете го првиот чекор. На 90 проценти од мажите не би им пречело доколку жена ги повика на првиот состанок.

Сакате да се чувствувате cekcи?

Сакате да се чуствувате секси? Да ви се зголеми самодовербата? Три едноставни чекори ќе ве одведат во таа насока.

НОСЕТЕ ЦРВЕНО

Истражувањата покажаа дека за мажите црвената е најсекси боја, а новата студија на University of Rochester покажува и зошто. Машките учесници во истражувањето, ги оценувале жените како поотвроени за секс кога ја носат црвената боја.

ОТКРИЈТЕ ГИ РАМЕНАТА

Очигледно тие се подеднакво сугестивни како и деколтето. Еден поглед на вашите рамена и мажите помислуваат на вашите гради, а ова е поврзано со нивниот заоблен облик кој ги потсетува мажите на гради, како и впрочем близината.

ОБЛЕЧЕТЕ ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ

Не затоа што некој има фетиш на стапала. Делот од мозокот кај мажите кој испраќа информации за сексуална возбуденост е истиот оној кој ги перцепира и вашите стапала, па толку затоа еден секси пар чевли може да предизвика валкани мисли.

Презервативи кои ја менуваат бојата доколку партнерот има сексуално пренослива болест

Сексот е основата на човечкото постоење. Без секс, никој од нас не би бил тука. Тоа е убава и пријатна активност која им помага на луѓето да се поврзат и да ги зајакнат односите. Сепак, тоа исто така може да доведе до болести. Тоа е причината зошто е неопходно практикувањето безбеден секс. 

Кондомите може да бидат најчестата опција за безбеден секс. Тие се евтини и широко достапни на различни продавници. Штитат од сексуално преносливи болести и спречуваат бременост во 98 проценти од случаите кога се користат правилно.

Кондомите, сепак, не се совршени. И покрај тоа што имаат извонредно високо ниво на успех во спречувањето на ширење на СПБ кога се користат правилно, секогаш постои можност партнерот сè уште да ве зарази со болеста која што ја има.

Три тинејџери од академијата „Исак Њутн“ во Англија смислија брилијантна, но едноставна идеја за нов вид кондом кој ќе помогне во дознавањето дали вашиот партнер има СПБ. Еве како е предвидено тоа да функционира: „Би постоеле антитела на кондомот кои би комуницирале со антигените на сексуално преносливите болести, предизвикувајќи кондомот да менува бои во зависност од болеста. На пример, ако заразениот има кламидија, тој би станал зелен – жолто за херпес, виолетова за хпв и сина за сифилис “.

Тинејџерите кои го создадоа концептот имаат само тринаесет до четиринаесет години во моментот. Тоа е голема кфреативност и стручна подготвеност за таа возраст. Триото освои прво место на американските награди TeenTech во 2015 година, со што добија поддршка за реализација на оваа идеја. Магазинот „Тајм“ објави дека веќе им се пристапиле од производителите на кондоми.

Популарно