ФОТО: Каде е и што прави денес водителката на „Сѐ за љубов“?

Катарина Шишмановиќ важеше за една од најатрактивните водителки на медиумската сцена во Србија, а регионалната публика најмногу ја памети по емисијата „Сѐ за љубов“. Водителка на емисијата беше до 2016 година, кога одлучи да ја заврши таа приказна.

Во тој период, Катарина стави крај на долгогодишната романса со Горан Стаменковиќ, сопственикот на продукцијата „Емоушн“, која стои зад емисијата која ја водеше.

„Горан и јас секогаш ги одвојувавме работата и приватниот живот. Не можам да речам дека тоа се поклопи, но и двајцата решивме да ставиме крај на врската. Четири години живеевме заедно. Едниствено што можам да кажам за него е дека последниве осум години беше важен дел од мојот живот“, изјави Катарина за магазинот „Глориа“ во 2016 година.

Од тогаш, убавата водителка се повлече од медиумите и многумина се прашуваат како изгледа и што прави денес. Во моментов, Катарина нема водителски ангажман, а приватно, најмногу време поминува на патувања.

Ако се земат во предвид најновите фотогграфии од нејзиниот Инстаграм профил, може да се заклучи дека убавата водителка никогаш не изгледала поубаво, пишува порталот „Пулс онлајн“. Не е познато дали Катарина сега има партнер.

(Фото) Мили отвори клуб за свој мерак - Композиторот сам пушташе музика

Aлександар Милиќ Мили со години важи за хитмејкер, поради што е и еден од најпознатите и најуспешните композитори во регионот.

Меѓутоа, Мили ужива и во улогата на диџеј, а доказ за тоа е и „приказната“ кој ја објави на Инстаграм.

Имено, композиторот импровизирал „клуб“ со пријателите дома, во кој приспособил се – од светлата до озвучување.

Му пушташе музика на „гостин“, т.е. на пријател со кој очигледно одлично се забавуваа.

(Фото) Саша Ковачевиќ уште еднаш покажал колку е приврзан за ќерката на неговата девојка

Саша Ковачевиќ се наближува до својот јубилеен 40-ти роденден, но и понатаму го ужива статусот на најпосакуваниот ерген во Србија. Сепак, тоа не значи дека тој е сам. Девојката на Саша Ковачевиќ, Зорана Тасовац, го освоила неговото срце уште во 2017 година.

Заљубениот пар внимателно ја чува својата приватност и ретко се појавуваат заедно пред камерите.

„Секој од нас сака да најде малку мир, па не сум ниту јас исклучок. Успеав да го организирам животот онака како што ми одговара. Не дозволувам ништо да ми го наруши времето кое можам да го поминам со семејството“, вели поп ѕвездата.

А семејството на Саша, со кое го дели секојдневието, се Зорана и нејзината ќерка Искра. Иако девојчето е родено во бракот на Зорана со Богдан Срејовиќ, пејачот ја доживува како свое дете.

„Јас не сум нејзин биолошки татко, но ја нарекувам мое дете. И утре, кога ќе имам свое биолошко дете, Искра ќе биде моето прво дете“, зборувал Саша.

„Ја сакам мојата љубена и уживам во секој момент кој го поминувам со неа. Таа е мојата втора половина, евидентно поубава“, јасен бил Саша Ковачевиќ.

Нема сомнеж дека Зорана и Саша се сакаат безусловно, но никому не му е јасно зошто не одат пред матичар.

„Навистина не знам зошто на луѓето тоа им е толку интересно. Сигурен сум дека кога ќе помине свадбата ќе започнат прашањата кога ќе дојде детето, па кога ќе дојде второто“, изјавил пејачот, кој планира да се ожени далеку од очите на јавноста.

Девојката на Саша Ковачевиќ ужива во извонредното внимание на своето момче, кое во секоја прилика ѝ се обраќа со зборовите – поубава половина.

Мелина упаднала во вилата на Харис, па тој викнал полиција

Пејачот на фолк музика Харис Џиновиќ синоќа се јавил во полиција и рекол дека неговата поранешна сопруга Мелина била во неговата куќа и дека ја замолил да си замине за да нема проблеми, но таа одбила, па тој бил принуден да ги повика да реагираат.

Двајцата се повикани во полициска станица да дадат изјава, а изречена им е итна забрана за приближување. Известено е обвинителството кое побарало известување од полицијата за овој случај.

Џиновиќ пет часа даваше изјава во полициска станица за поранешната сопруга Мелина Џиновиќ, која упадна во вилата во Сењак и не сакаше да ја напушти. Да потсетиме, како што изјави пејачот за српските медиуми, тој не бил во куќата кога дошла Мелина.

Популарно