ВИДЕО: Македонската водителка на одмор со семејството

Македонската водителк Живкица Ѓурчиновска е на одмор на грчкиот остров Скијатос едфно со сопругот и трите деца.

Таа од летувањето сподели неколку нивни заеднички фотографии, но и едно видео кое го привлече вниманието на многумина. Додека пловеле, околу нивниот глисер пливале четири делфини.

Погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

iandminime#lovethesea🐬

A post shared by Zivkica Kalenikova (@zivce) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

meandflipper🐬Summervibes❤️

A post shared by Zivkica Kalenikova (@zivce) on

ВИДЕО: Дара – Бубамара решила малку да го смени начинот на живот

Поради честите ноќните настапи и природата на својата работа, Дара – Бубамара честопати оди во кревет рано изутрина и станува доцна попладне, но во последно време, се чини дека решила малку да ја смени навиката и биоритамот на живот.

Така, утрово, пејачката станала малку порано, пиела кафе, а потоа директно му се качи… Го јавна нејзиниот собен велосипед за да го симне вишокот калории акумулирани претходната ноќ.

Дара во последно време го смени својот изглед, драстично намалувајќи ја тежината, а сега откри и како:

Што и да рекламира добро се продава иако сите гледаат само во неа

Лила Филиповска веќе неколку години по ред ја гледаме во квизот Се или нешто. Таа покрај тоа што без конкуренција е најпопуларната македонска ТВ водителка, последниве неколку години важи и за еден од најбараните инфлуенсери на социјалните мрежи. Водителката рекламира што ќе стигне. Од кондиторски производи и пијалоци, преку накит, шминка и гардероба, па се’ до козметика и… што ти уште не!?

Начинот на кој тоа го прави навидум е обичен и едноставен, ама сепак, не е баш така. Ако подобро погледнете, ќе забележите дека на секоја нејзина рекламна фотографија има доза на еротски набој. Иако Лила можеби и не е баш „во цветот на младоста“, со начинот на кој знае и умее да го истакне она што во себе го носи како сексипил, придонесува она што на себе го носи или рекламира, да добие на значење, на вредност и популарност или во превод – добра продажба.

Така на пример, кога Лила рекламира основа за шминка која делува како втора невидлива кожа, сите ја гледаат во онаа првата, нејзината видлива кожа… И тоа таму каде што е највидлива во позата во која Лила се наместила.

Кога рекламира накит, сите си замислуваат каде ќе заврши огрлицата или приврзокот од ланчето, ако случајно се откачи…

Кога водителката рекламира свечен фустан сите многу повеќе ги интерсира што има под него или евентуално каде почнува шлицот…

Кога рекламира очила за сонце, ги рекламира на така необично место што на многумина им доаѓа да погледнат во „сонцето“ под пената во полната када…

Кога рекламира електронски цигари, сите се прашуваат дали Лила приватно пуши? Или пуши само за реклама?

Едноставно, Лила е инфлуенсерски феномен. Што и да рекламира добро се продава иако сите гледаат во неа, наместо во производот!

Како ве „откачува“ женската?

Женската „досетливост“ нема граници кога ќе посака да ве „откачи“, најчесто тие изјавуваат: „Главата ќе ми експлодира“, „Жешко ми е“, „Смрзнав“, „Децата спијат, ќе ги разбудиме“, „Децата се будни, ќе нѐ слушнат“... 

Да, сексот е незаменливо парче во сложувалката наречена „силен љубовен сојуз“, но понекогаш, без разлика на причините, последното нешто кое ни паѓа на памет е секс. Иако не се потребни изговори за да ги отфрлиме предлозите кои не ни се допаѓаат, најчесто ги користиме за да не повредиме нечии чувства, особено кога се работи за чувствата на личност која многу ни значи – нашиот сакан.

Па, кои се класични изговори што жените масовно ги користат за да го одложат сексот со партнерот?

„Ќе ги разбудиме децата.“ Дали ова е ваш изговор дури и кога знаете дека децата се во најцврстата фаза од спиењето и ништо не може да ги разбуди? Кого залажувате? Па, сексот не мора да биде гласен, и самите го знаете тоа.

„Ужасно ме боли главата.“ Овој изговор полека, полека започнува да ја губи својата сила, бидејќи најновите истражувања покажуваат дека сексот всушност може да делува како аналгетик и да ја излечи главоболката.

„Имам менструација/ ПМС.“ Понекогаш жените го користат овој изговор двапати месечно. И секогаш успева.

„Не сум депилирана/ избричена.“ Израснатите влакненца по нозете може да придонесат жената да се чувствува помалку сексапилно, но не ја убиваат машката желба за секс. Повеќето мажи во никој случај нема да ѝ замерат на својата сакана што подзаборавила да го употреби бричот или депилаторот.

„Децата се будни, може да нѐ чујат или да ни влезат.“ Иако не би требало, често децата се причина за постоењето на бракови без секс. Родителите одвреме-навреме мора да изигруваат „криминалци“ и криејќи се да украдат интимни моменти.

„Не сум истуширана/ Не ми се измиени забите.“ Па, што чекате? Потребни се само неколку минути за да се подготвите за незаборавно искуство под чаршафите.

„Се прејадов. Не можам да мрдам“. Кој се чувствува секси на преполн и подуен стомак? Сепак, зошто не гледате на светлата страна. Сексот може да ви помогне да согорите дел од калориите кои ги внесовте со последниот оброк.

„Премногу ми студи“. Одлична причина за да одбиете нешто, но не и доколку тоа има моќ да ве згрее.

„Пекол жешко е, ќе се препотиме.“ И што? Туширањето секогаш е добра опција за разладување за време на тропските горештини. Во такви ситуации можеби најдобро решение е секс под туш.

„Не сум расположена.“ Ништо чудно. Кога милиони мисли ви се вртат во главата, а десетици обврски чекаат на вас, сексот паѓа на дното на листата на приоритети. Сепак, не заборавајте дека сексот всушност може да ви го подобри расположението. Легнете со партнерот еден до друг и обидете се да не мислите на ништо. Контактот кожа-кожа ќе ви ја разгори желбата за физичка интимност.

„Утре мора да станам многу рано.“ Ова е класика меѓу изговорите. Реалноста е дека сексот не одзема многу време. Имате 10 минути на располагање? Значи имате доволно време за секс, а верувајте, следното утро ќе станете со повеќе енергија и насмевка на лицето.

Популарно