13 годишно девојче почина во несреќен случај во Куманово

Во несреќен случај  кој се случил попладнево во Соколана- Куманово тринаесетгодишно девојче го загуби својот живот, трагедијата настанала кога врз неа паднала статива.

Девојчето, соопштија од полицијата е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.

Екипа на Итна помош интервенирала и го однела детето во кумановската болница каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но безупешно. Случајот во полицијата бил пријавен од кумановската болница. 

По апсењето се јави Героски: Да живее Катица Јанева и Република Северна Македонија!

Бранко Героски, новинарот кој прв го најави случајот „Рекет“ и инволвираноста на Катица Јанева, се огласи со свое мислење на личниот Фејсбук профил.

По вчерашниот исказ на Катица Јанева, таа денес е приведена од полицијата, се сомничи дека добила мебел од 298.000 денари од осомничениот Орце Камчев.

Малку чудно е обраќањето на Героски, кој споменува еден поддржувач на СДСМ, кој често му даваше поддршка на СЈО, како и Катица Јанева на социјалните мрежи.

-Milo Novakovski Дај бе разбиј ова гробнава тишина, мајку му стара, викни – да живее Катица Јанева и Република Северна Македонија!“, напиша Героски.

Ако се посети профилот на Мило Новаковски, лесно може да се виде како тој му одговорил на Героски: Да живее Бранко Героски.

На ова, новинарот имаше реплика во коментар:
- А неееее... Не со тие куршуми, Денеска си фраер ако викнеш „да живее Катица Јанева“.

ВО ЖИВО: Катица Јанева вратена во нејзината куќа

Откако полицијата ја упаси од нејзиниот дом во скопската населба Козле, попладнево Катица Јанева беше пренесена во згрдата на СЈО, каде МВР иврши претрес и го заплени компјутерот на обвинетата.

По претресот во СЈО, Јанева е повторно вратена во нејзиниот дом во Козле, каде полицијата најверојатно врши претрес.

Починала мајката на Катица Јанева

Утринава во Гевгелија, починала мајката на специјалната обвинителка Катица Јанева. Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата, обвинителката Вилма Рускоска посочи дека тоа нема да влијае врз нивното барање за притвор за обвинителката.

Катица Јанева беше уапсена во нејзиниот дом во Козле, од каде, во придружба на полицијата беше однесена во СЈО, каде се вршеше претрес на најзината работна просторија.

ОЈО на прес конференција соопшти дека доставило предлог за нејзин притвор.

Популарно