Видео: Родилка почина на Клиниката за гинекологија

Родилка од Македонска Каменица рано изутрина починала на Клиниката за гинекологија. Масивна тромб емболија поради што дошло до попуштање на срцето но и белите дробови најверојатно е причината за смртта на 27 годишната жена, која во многу тешка состојба со Брза помош била донесена на ГАК. Гинеколозите успеале да го спасат бебето кое сега е на одделот за интензивна нега, но лекари од повеќе клиники и покрај сите напори со поставувањето на пејсмејкер и двочасовната ренаимација, не успеале да ја вратат во живот родилката. Починатата неколку дена имала проблеми со дишењето и движењето, објавува Сител.

-Имала потешкотии со одењето, лесно се заморувала, и тоа 5-6 дена, мисела дека е нормално, беше многу топло а викендот и била невеста и мислеле дека од тоа се заморува, но не било така. Од првичните испитувања најверојатно масивна тромб емболија со декомпензирано срце е причината за смртта, вели др. Викторија Јовановска директор на ГАК

Пред да заврши на скопска гинекологија, од Брза Помош 27 годишната жена прво ја однеле во кочанската болница, каде поради тешката состојба веднаш ја препратиле во Скопје. Поради смртта на младата родилка, гинеколозите велат дека не сакаат да ги плашат трудниците, но апелираат  да не седат дома доколку нешто не е во ред со нивното здравје.

Бременоста е физиолошка состојба, не сакам да биде како плашење но доколку се посомневаат дека нешто отскокнува да побараат помош кај својот матичен лекар, вели Јовановска.

Според светската статистика, тромб емболија е најчесто фатална кај трудници.Телото на починатата е на одбукција на Патологија од каде и официјално ќе ја кажат причината за фаталниот исход. Од Гинекологија велат дека во изминатите две години ова е прв смртен случај на родилка.

(Видео) Излезе снимка од апсењето на трите лица кои на ТикТок објавија поврзаност со исчезнувањето на малата Данка

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.

Уапсени се Б.Т.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.

Куќен притвор за две лица кои беа задржани за убиството на докторот во Железара

Куќен притвор во траење од 48 часа е определен за две од лицата кои беа задржани за убиството на докторот во скопската населба Железара, соопшти утринава Јавното обвинителство.

Оттаму информираат дека ваква мерка е побарана со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази.

-Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство, синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор, во траење од 48 часа, за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Тоа, со оглед на тоа што сѐ уште се преземаат дејствија за обезбедување докази. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, вчера изјави дека се приведени вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот.

-Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави Тошковски, при посетата на општина Босилово.

Шеесет и седумгодишниот лекар, минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил. Според првичните информации, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

Неколку улици од една скопска општина ќе останат без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.

Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.

Популарно