Сергеј Варошлија на својот Фејсбук профил, вчера сподели статус за неговиот пријател Боки13, на кого му беше роденден.
„Да сакаш на другар да му честиташ роденден, а тој да неможе да ја прими искрената честитка...
Можете да го нарекувате како сакате, со секакви надимаци и описни зборови, но за мене бил и ќе остане само едно име – Бојан, кое асоцира на другарство и пријателство, едно од оние ретките, едно од оние малкуте кои и јас, и сите ние ги имаме во животот, едно од оние кои се бројат на една рака! Еден од ретките кои искрено се грижеше, бореше и интересираше за сите, а ‘сите’ наоколу ретко, а уште помалку искрено се грижеа или бореа за него, зошто повеќе ги интересираше ‘што, како, зашто…’ заслепени од тие ‘прашања’ не можеа да ја видат неговата суштина и човечност пред сè! Но не за џабе викаат ‘човек на човек му е огледало.
Среќен роденден, драг мој Бојан! И како вика онаа народната ‘сè проаѓа’, битно да си ми /ив и здрав!
П.с Благодарам на малкуте пријатели што ми се јавија – пишаа во овој период, вие знаете кои сте!
И на овој пост нема да толерирам негативни коментари на мојот профил!“