Едно лице почина, едно е вратено во камп, а 11 мигранти се префрлени во болницата во Кавадарци по сообраќајката на автопатот Демир Капија-Неготино.
Итната медицинска помош при Здравствениот дом интервенирала со три возила во сообраќајката во која возило со мигранти што се движело на патниот правец Демир Капија-Неготино во близина на бензинската пумпа „ДЕП" удрило во задниот дел на товарно возило што се движело во ист правец и се самозапалило.
Едното лице било полесно повредено и предадено на полиција да го врати во кампот.
Болничкиот персонал е ангажиран околу повредените, а неофицијално, од извори во болницата, тројца од повредените најверојатно ќе бидат однесени на Скопските клиники.