Деми Мур се кае зошто „прифатила“

 Мемоарите на холивудската актерка Деми Мур кои  јавноста со нетрпение ги очекуваше, конечно, на 24 септември ќе се најдат на полиците на книжарниците. Всушност мемоарите се книга со наслов  „Inside Out“, во која 56-годишната актерка ги открива своите најскриени тајни и детали од животот што го знаеле само нејзините најблиски.

 „Њујорк тајмс“, веќе објави делови од мемоарите, Деми Мур кажа сè за своето растење, за зависностите со кои се борела, како и за досега непознатиот дел од нејзиниот живот со Ештон Качер. Малкумина знаеја дека Деми Мур била бремена со него и требало да роди девојче, но во шестиот месец од бременоста го загубила бебето.

Но, тоа не е сè што таа откри за нејзиниот поранешен млад сопруг. Таа се осврна на неговата вонбрачна афера со Бритни Џонс и Сара Лил, како и за сексот во тројка на кој ја наговорил. Нивната врска почнала во 2003 година, а две години подоцна тие решиле да стапат во брак.

Деми Мур сакала да му роди бебе, па затоа отишла на потпомогнато оплодување, но не успеало. Тогаш почнала нивната борба да го спасат бракот. Во мемоарите таа напиша дека Ештон во еден момент ѝ предложил секс во тројка, а таа признава дека се согласила само за да му докаже на својот 15 години помлад сопруг дека е кул сопруга. Двапати учествувала во тоа, но сфатила дека е грешка.

Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“

Во книгата „Ова сум јас“, Аца Лукас, меѓу другото, го опиша и својот прв брак. Светлана била првата голема љубов на пејачот, со која основал семејство.

“Цеца цветаше од среќа. Тоа лето во 1991 година отидовме на море. Тоа беше крајот на моето ергенство. Барем така мислев тогаш. Свадбата беше на сплавот “Лукас”. Имаше 200 сватови, моите пријатели свиреа, а јас повремено го земав микрофонот“.

„Денот почна по свадбениот протокол, кој прилично го намалив. Со пријател отидов да си ја пробам среќата на покер апаратите на свечениот ден. Кога се вратив дома, хармоникашот веќе на големо ги веселеше гостите. Пред зградата имаше трубачи, а со нив пееше и мајката на Светлана. Цеца беше во благословена состојба и само се смешкаше“.

“Не се сеќавам на многу детали од свадбата. Знам само дека од некаде се појави една моја бивша девојка од средно и дека се бакнувавме во тоалетот. Жените се чудо. Откако се љубеше со мене, таа и честиташе на мојата сопруга со насмевка за влегување во брачните води“.

„Денес само сфаќам колку кретен бев кон мојата прва сопруга, мојата прва, вистинска љубов. Вистински кретен! Умислував дека мојата сопруга не ме заслужува, дека сум нешто над неа. Таа страдаше. Сега знам дека во тоа време беше жена за мене, тивка придружничка на мојот подем, прекрасна мајка, обожавателка на моите родители.

Мартин Трпчевски: Пред да се оженам имав два телефони, едниот швалерски, едниот за работа!

Во новата епизода на повторно без влакна на јазикот двете водителки разговараат за теми кои ги засегаат и мажите и жените, но гледано од женска перспектива, овој пат со една добро позната гостинка на македонската јавност.

Ивана и Адријана во новото издание на Искрено со Јелена Спенџарска ја анализираа темата комуникација на мажи и жени. Какви се мажите во Македонија, а какви се во странство? Како да го одбереш вистинскиот партнер, кој на кого треба да пријде? 

Кај нас во Македонија мажите се емоционално незрели. Мене мажот ми се појави кога не го барав, рече Спенџарска во сочниот со женски муабети поткаст Искрено на zase.mk. Се збореше и за тоа што ги прави жените одбивни за мажите, но и кои слабости не би требало да излезат на воделина, барем во почетокот на врската. Да не ви раскажуваме сѐ, погледнете го целиот поткаст, коментирајте и поставете прашања кои би сакале да ви бидат одговорени. 

(Фото) Вака изгледа љубовницата со која живее 15 години двоен живот

Разводот на Џенан Лончаревиќ стана главна тема во медиумите, а сите дополнително се изненадени што пејачот решил да се разведе дури сега, со оглед на тоа што веќе 15 години живее со извесна љубовница Милица во Белград.

И додека неговата законска сопруга Самира Лончаревиќ изминативе денови се огласи во медиумите, невенчаната сопруга на Џенан со која живее и понатаму молчи.

Таа сега е снимена како го чека пејачот пред зграда кога тој се враќаше од настап, а со оглед на тоа што го „улови“ екипата на „Папарацо Лов“, сите имаа можност да ја видат на малите екрани.

Избраничката на Џенан на прв поглед не наликува на неговата сопруга со која е во брак 25 години. А сопругата на Џенан во исповед за медиумите последниве денови изјави дека се плаши да остане на улица:

– Во сето ова барам само да се почитува законот, не барам ништо повеќе. Впрочем, јас сум вработен во тој суд, ја водам кривичната канцеларија и знам како оди се. Барам да се закажат предметите пред мене, ако се итни тогаш моите нека бидат пред сите останати. Дали ќе биде утре, задутре или за еден месец, се додека го следи законот ќе биде во ред. Таа и нејзиниот адвокатски тим сега апелираат од сите страни да се забрза процесот за развод – изјави Самира.

– Најголем проблем е имотот, доживеав дека после 25 години брак сакаат да ме исфрлат од дома. Веднаш би го потпишал барањето за развод, веднаш, но проблемот е имотот, бидејќи се што купил е ставено на име на мајка му. Сега купил стан во Белград на име на таа жена, го ставил на нејзино име да не можам да добијам ништо. Тоа е проблемот – изјавила законската сопруга на Џенан, со која има два сина. Таа вели дека не се грижи за себе, но се грижи за децата.

– Нормално, никогаш не би си дозволила да разговарам со новинари доколку го немав овој проблем и сега немав каде да одам. Куќата во која живееме е половина негова, половина на брат му, а всушност по 25 години брак четвртина од куќата ми припаѓа мене затоа што се останато што го стекнал е ставено на туѓи имиња. Немам друг избор освен да се борам да им обезбедам на моите деца кои немаат ништо на нивно име – истакнува оваа жена и додава:

– Имам за себе, имам плата и би се снашла, но сакам да им обезбедам денес, утре, ако се случи нешто, што би направиле? Има добар однос со децата. Децата многу го сакаат. Доаѓа еднаш на 15 дена и тогаш ги гледа. Кога доаѓа во Пријепоље, останува во истата куќа каде што сум и јас, но не комуницираме. Нашата врска е нарушена. Нашите адвокати се слушаат, не сме разговарале од летото минатата година. Во февруари добив барање за развод – заклучи Самира Лончаревиќ.

И додека Самира реши да зборува, Џенан нема намера да зборува, туку својата ситуација целосно ја препушта на судот.

Популарно