Еврокомесарот Јоханес Хан „НИ СЕ ИЗВИНИ“

Еврокомесарот Јоханес Хан изрази разочарување и им се извини на граѓаните на Македонија и на Албанија, затоа што нема одлука за отворање на преговорите.

Не е момент за гордеење, но не сакам да обвинам никого. Сега на ред е Советот на Европа. Огромен број на членките ја поддржаа препораката на Комисијата. Навистина ми е жал бидејќи не е момент за гордеење. Секое понатамошно одложување ќе наштети на нашиот кредибилитет на Западен Балкан и исто така нашите амбиции да станеме посилен глобален играч. Не треба да се изнендадиме ако други сили го засилат своето влијае таму. Се уште се надевам дека во четврток или петок Советот на Европа и лидерите на земјите ќе донесат политичка одлука за да го вратиме нашиот кредибилитет на Балканот. Македонија и Албанија си ги исполнија своите домашни задачи, направија навистина болни реформи кои во повеќе од нашите земји не се можни. Граѓаните имаат желби и соништа, не е задоволување на политичари, треба да работиме за луѓето. Им се извинувам на граѓаните што не успеавме да се договоривме. Се надевам дека ќе успеаме да ги убедиме другите. Државите испорачаа, сега ние требаше да испорачаме, но не испорачавме – рече Хан.

Министрите за надворешни работи на ЕУ не успеаја да се договорат и не донесоа одлука за отворање на преговорите со Македонија и Албанија.

Сега прашањето ќе се префрли на највиското ниво, во Советот на Европа кој треба да се состане кон крајот на неделева.

(Фото) Tрагедија која ја потресе Македонија денеска: Загинаа жена од Скопје и млад кочанчанец

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа. Таа изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

– Млад кочанчанец и жена од Скопје се жртвите во несреќата на експресниот пат Штип- Кочани, неофицијално дознава Телевизија Стар. 

– Кочанчанецот бил возач на патничкото возило Пежo, а починатата била совозач во патничкото возило Шкода со скопски регистерски ознаки. Возачот на Шкодата е повредениот и тој е пренесен во Клничката болница Штип. Идентитетот на починатата се уште не се знае, објави локалната телевизија.

Пендаровски прифати дебата со сите кандидати за претседател

Претседателскиот кандидат Стево Пендарсовски прифати дебата со сите противкандидати на Македонската национална телевизија.

„Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата. Дополнително, информирам дека останувам на претходно изнесениот став дека е потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење.

Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови“ изјави Пендаровски.

Во два одделни случаи, двајца пешаци прегазени во Скопје - со тешки повреди се пренесени во болница

Вчера во два одделни случаи двајца пешаци се прегазени на територијата на Скопје. Од МВР велат дека првиот случај настанал во 17 часот додека вторио е околу 20 часот. И во двата случаи пешаците со тешки телесни повреди се однесени во болница.

На 19.04.2024 околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(62) од Скопје, удрило во пешакот К.П.(67) од  Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на надвозникот кој води кон Раштански пат – Скопје од автопатот, патничко возило  „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  С.И.(31) од  Скопје, удрило во пешакот И.З.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Популарно