Пендаровски се заблагодари и на албански до американскиот Сенат

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, упати благодарност до Сенатот на САД за ратификацијата на протоколот за членство на нашата земја во НАТО.

„Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност“, објави шефот на државата.

Пендаровски истото до Вашингтон го напиша и на албански и англиски јазик.

Инаку, вчера „ЗА“ гласаа 84 сенатори, а само двајца сенатори, еден од Јута и еден од Кентаки, се изјасниле негативно, додека не гласале 14.

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Популарно