Зошто новата облека првин треба да се испере па потоа да се облече?

Дали ја перете новата облека пред да ја облечете? Ако не го правите тоа време е да почнете, еве зошто.

Вештачките бои се наоѓаат не само во храната туку и во облеката, a ако не се исперат пред носење, хемикалиите од боите може да предизвикаат инфекција или иритација на кожата.

По купувањето ново парче облека многумина сакаат веднаш да го облечат. Сепак, можеби би требало да престанете со оваа практика која може да биде и опасна.

Иако парчето облека е штотуку купено, тоа не значи дека е чисто, а прашање е колку стоело во магацин и на кој начин стигнало до продавницата

Бројни спроведени студии покажаа дека на облеката често можат да се најдат габи, па дури и измет.

Филип Тјерно, раководител на катедрата за микробиологија и имунологија на универзитетот во Њујорк, смета дека перењето облека пред првото носење е неопходно од две причини.

Првата е тој што во ланците со висока мода, исто како и оние со понизок квалитет со тестирање биле пронајдени габи, а најмногу на долната облека.

Друга причина е хемикалиите на облеката. Ако имате и чувствителна кожа, бојата може да предизвика и непријатен осип.

Исто така, скоро сите производители ја изложуваат облеката на формалдехид, кој ја штити од туткање за време на транспортот и од развој на мувла, а тој содржи токсични состојки и се користи за правење синтетички влакна за крпи и постелнини.

Најчесто се користи и нонилфенол етоксилат, чија употреба е ограничена во многу земји на ЕУ. Меѓутоа, не постои ограничување во земјите на производство, односно во Југоисточна Азија.

Од сите споменати причини, многу е важно новокупената облека прво да ја исперете.

Еве зошто ајварот не се прави во октомври

Aко не сте направиле ајвар во септември, во октомври немојте ни да го правите – барем така велат старите народни обичаи и календари.

Според обичајниот народен календар,  деновите по 15 септември се вистинско време за почеток на правење на ајвар, но и друга зимница, вели обичајниот народен календар. Најдобро е да се здружите со соседите или членовите на поширокото семејство, бидејќи правењето на ајвар и други традиционални зимници има и широко општествено значење. Така во првата половина на ХХ век беше обичај во селата и градовите да се соберат жени во големи дворови каде со размена на искуствата и дружење подготвувале храна за зимските месеци.

Заеднички ќе купите пиперки, ќе ги испечете, олупите, сомелете и со муабет и смеа ајварот е готов. Ајварот правете го кај некој кој има двор или куќа на село, пишува покрај останатото во обичајниот народен календар.

Еве што треба да направите за да имате цврсти и убави нокти

Речиси дваесет проценти од луѓето на Земјата страдаат од кршливи нокти. Експертите не можат точно да утврдат која е причината, но истакнуваат дека виновници се детергентите, отстранувчите на лак за нокти и честото миење на рацете.

Други фактори се сувото и студено време, како и проблеми со тироидната жлезда. За среќа, природниот лек за кршливи нокти се наоѓа во храната. Во секојдневната исхрана треба да бидат застапени производи од интегрални житарки, лиснат зеленчук и соја, тиква, морков, авокадо, бадеми, риба и јајца.

Овие намирници содржат витамин Е, витамин А и колаген кои ќе ви помогнат да имате поздрави нокти. Ако ноктите се сè уште слаби и кршливи, тогаш посетете салон за убавина каде ќе се погрижат за изгледот на вашите нокти.

Нашите пријатели од Spectra Nail Bar користат препарати збогатени со витамини и минерали, посебно дизајнирани за ноктите да ви бидат повторно цврсти, а кожата на рацете мека и сјајна. Вашиот термин може да го закажете на 078 873 703.

Што прво забележуваат гостите кога ќе ви дојдат?

Дали некогаш сте се запрашале што прво забележуваат луѓето кога ќе дојдат кај вас?

Познато е дека првиот впечаток е исклучително важен и тој кај луѓето се создава за само осум секунди, а истото се случува и кога доаѓаат гости во вашиот дом.

Имено, потребни им се само 38 секунди за да ги забележат сите ситници и да почнат со осудување.

Истражувањето кое е спроведено на 2000 возрасни луѓе, покажало дека гостите прво што забележуваат (односно чувствуваат) е мирисот на вашиот дом. Веднаш после мирисот ја чувствуваат температурата, а дури потоа колку е чисто.

Исто така, откриено е дека 3 од 10 лица не му ги откриваат своите забелешки на домаќинот. Од друга страна, 86 отсто од сопствениците на домовите темелно ја чистат куќата пред да дојдат гостите, додека 6 од 10 не се занимаваат со мислењето на другите.

Освен мирисот, температурата и чистотата, гостите ја забележуваат и удобноста на мебелот на кој седат, валканите прозорци, книгите, бојата на ѕидовите, но и прашината на украсите на полиците.

Популарно