+79183301602 е бројот на Вибер што испраќа пораки за да ве измами

+79183301602 е бројот  на Вибер што испраќа пораки за да ве измами. Веднаш блокирајте го и испратете слика со скриншот до Viber, со цел да и помогнеме на администрацијата полесно да го отстранат спамерот. Оваа појава ја има низ цел свет, а најмногу е распространета во Америка. Содржината на пораката е дека наводно сте добиле половина милион долари, во рамки на програмата на меѓународниот награден  фонд Поентата е да ви ги соберат вашите лични податоци, кои мора да ги испратите преку мејл. На тој начин измамниците ќе ја снимаат вашата лозинка и во иднина ќе ја злоупотребат.

ПОЦ: Претпријатието не го регулира паркирањето кај „Пролет“ и таблата не е поставена од наша страна

Во близина на полициската станица „Пролет“од пред неколку денови поставена е табла на кој стои дека паркингот се наплаќа 60 денари од час, на таблата стои и логото на општинското претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“.

По реакциите на граѓаните, Скопје Инфо побара став од општинското претпријатие од каде велат дека тие не стопанисуваат со конкретната локација и дека таблата не е поставена од нивна страна.

„ЈП Паркинзи на Општина Центар ве информира дека на наведената локација не е воведено зонско паркирање и нема одлука за воведување. Претпријатието ниту денес ниту во изминатиот наведен период не постапува, односно вработените контролори на ЈП ПОЦ не го регулираат паркињето на наведената локација. Таблата на сликата не е поставена од страна на ЈП ПОЦ, а и дизајнот на истата не соодветствува со сегашниот дизајн на таблите на претпријатието, кој се користи веќе неколку години“, се вели во одговорот од ПОЦ.

Од таму додаваат дека ќе ја разгледаат можноста за пријава и правно постапување против сторителот.

Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во врска со неговото апсење поради поседување дрога

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ синоќа беше приведен откако кај него била пронајдена дрога, а како што дознава српскиот медиум „Нова.рс“ утре ќе биде сослушан во обвинителството.

Трифуновиќ беше приведен околу 20.00 часот во Вождовац откако, како што се сомнева, купувал марихуана од познаник. Со него е приведен и С.М.(31) од кого актерот наводно ја купил марихуаната.

Трифуновиќ по апсењето доби притвор до 48 часа, а утре ќе биде спроведен на распит во обвинителството. По рочиштето ќе се знае дали ќе биде ослободен или приведен.

Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка

Вработена во средно училиште во Битола нападната од своја колешка.

- На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т.(28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола  била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Популарно